Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 128
Review: (0 reviews)
Другари и другарки од уискаџиска вероисповест, Што викате да се собереме ние во среда да испиеме уште една тура Tullamore Dew? Исто така прв пат сезонава го селиме диџеј пултот во внатрешниот дел и другарот @jankonen ќе има прилика да пушти некоја музика и да провери дали е се поврзано како што треба :) Старт: начелно 20ч, технички кој кога сака. 🥃🤘
Балада за Халовин Тивка октомвриска квечерина, по улиците низ градот нема жива душа Страшна журка во Синди се спрема во Дебар маало некаде, врисок се слуша Студен ветер вие, жолти лисја носи темно е, но гледам нешто бледо свети дојдов, што да видам: маски, костури и вештерки, гласна музика и летаат салфети Блади Мери и мозок се пие, терасата преполна, галама, ситен дождец лие „Дечки дајте малце потивко“ комшијата не може да спие Дојде утро, главата тешка Гледам до мене некој се смешка Станувам тивко и бегам низ врата Јебо те Халовин, се напраив салата Оваа балада полека го губи својот сјај, а ти дечко, девојко едно знај, не дојдеш ли во вторник во Синди помеѓу нас ќе биде крај. Непознат автор дојдете да видиме кои сме, да се преброиме
Другари и другарки, Ви текнува на прашањето: кога последен пат сте направиле нешто за прв пат? Е па нас ни текна ама за жал не ни текнуеше коа последен пат сме направиле нешто за прв пат и ете така некако спонтано решивме да излеземе од комфорна зона и за прв пат да го викнеме другарот @mmvilic да не нагости со одлична музика. 🤘😁 Старт 21.30ч Живели 🍻
Другари и другарки, Доколку сте внимавале на часовите по историја, сигурно знаете дека на 11 Октомври 1941 година, пукнале првите пушки во Прилеп и Куманово, со што бил означен почетокот на народноослободителната борба во Македонија. Она што не пишува во учебниците по историја е фактот дека една од главните придобивки од тој ден е прогласувањето на 11 Октомври за неработен ден, со што се создава одлична можност на раат да се собереме на 10ти и да се изнапиеме ко луѓе, пошо не мора да стануваме за на работа. Да не биде дека само пиење не интересира, го викнавме другарот @naumoskivica_rubik да знаете дека сакаме и добра музика. Сакаме и други работи ама не е тоа тема на денешниот пост. :) Старт 21.30ч 🍻✊🎼
Другари и другарки, Тазе Вести: Денеска за некој е Бела ноќ и ќе лумпува до сабајле. Други во парк слават роденден на Хајнекен и ќе се журкаат цел ден. Зоолошка слави 97 години од постоење и таму ќе има ЗОО фест. Најдовме на нет и уше неколку евенти што ќе се одржуваат денес ама ај да не го претвориме постов во билтен на настани. Она што у ствари сакаме да кажеме е дека за нас е обична сабота во која се договоривме со другарот @simon_painltd да ни пушти безобразно добар рокенрол, пошто одамна не сме слушале. За пиење имаме се, така да кој сака да избегне од денешниот хаос на настани, добредојден е во нашиот мал естаблишмент. п.с. За да нема забуни, работиме до 1, за да бидеме свежи за скопскиот маратон на кој и оваа година, како и сите претходни, нема да трчаме. Живели 🤘🍻😁
Другари и другарки, Овој петок имаме послеработна накај целовечерна пијанка со другарите од Бадвајзер, која ќе ја одиграме некако вака: Вие доаѓате во нашиот мал естаблишмент после работа, рецимо околу 16.30ч и нарачувате кофа Бадвајзер пуна со мраз и 5 бадвајзери по принципот 4 + 1 гратис. И на дофат на рака имате цело време грч ладен Бадвајзер, без да има потреба да ги бркате вработените за да нарачате нова тура. Нормално кога ќе се испие првата кофа, секогаш може да нарачате уште една. :) За да не ви биде досадно, во 21.30ч ќе дојде другарот @t.gameover да не почасти со одлична музика, како дополнителна мотивација за уште некоја кофа пиво. Живели 🍻
Другари и другари, У принцип сме мирољубова банда која сака да пие, да галами и да се забавува и генерално избегаваме инциденти, освен коа се работи за Џинциденти. Нив ги поштуеме, пошто вклучуваат алкохол и тоа не било каков алкохол, туку Бифитер џин, кој го имаме у неколку варијанти, обичен, розев, крвава помаранџа и 24ка ама не оваа шо вози на релација Кисела вода - Тафталиџе 2, него боља. 😆 Имаме и симпатични тоничиња, и штосни декорации и многу јак диџеј, помеѓу народот познат како @lephonq_dj. Старт 21.30ч и многу нормално, на кој му се пие апсолутно нема да се налутиме ако дојде и порано. Живели.
Другари и другарки, по пауза од скоро еден месец ради одмори, мрза, прокрастинација и други слични причини, решивме дека дојде време повторно да ја активираме миксетата. По тој повод го поканивме дуото Васо/Јанконен да не освежи со еден безобразно добар музички настап, а воедно и да го испромовира новиот сингл “Извукла си циглу из темеља љубави наше“ - љубовна балада со етно елементи. 😆 Музичките критичари од земјава и регионот се едногласни во ставот дека овој велелепен настан најдобро се ужива со минимум 3 алкохолни пијачки... по особа. Традиционално, исто како и минатиот пат топлес танчерки нема да има. Музичкиот дел стартува во 21.30ч, но кој сака да си фати премиум место со поглед на диџеите, може да си дојде порано 😁 Љуби вас Синди 🤘🥰🍻
Добри луѓе од синдикална вероисповест, додека сме релативно стабилни со температуриве, да се собереме ние три/четрнаесе луѓе шо сме во Скопје во нашиот мал естаблишмент да цуцнеме по некое коктелче, пивце, џин-тониче или што да е, да свртиме некој муабет и да послушаме некој летен музички избор од другарот @jankonen А што друго би праеле во петок вечер? :)
Другари и другарки, На последната седница на ЦК на Синдикат со сите гласови за и ниту еден против беше донесена одлука да се исправи една голема историска неправда и под итно да се убаци ракија во нашето мени и тоа не било каква - гевгелиска, стареена во дабови буриња, наречена Гордион Амбер. По тој повод би сакале да ве поканиме во петок на 23 Јуни лето господово дваестрето да дојдете до нашиот мал естаблишмент да цуцнеме по една ракиичка или ако ви е многу топло, ќе смучкаме и некое коктелче со ракиичка. Другарот @lephonq_dj има еден скришен сет за пиење ракија со ремикси од најголемите странски хитови од Цеца, Лукас, Лепа Брена, Палдум, Бекута, Џиновиќ, Мерлин, па ќе биде после сечаш ли се лепи громе мој. 😆🎼🪗🪘 Ооок, сами ќе се блокнеме :D
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 128
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.