Е па драги другари и уште подраги другарки, По повод денската новогодишна пијанка Ц.К. на Синдикат и СК02 одлучи дека ќе направиме една драматично добра пијанка и игранка која ќе се одвива на два стејџа по принципот Old School vs New School. - Претставниците на старата школа својот настап ќе го имаат на стејџот во Синдикат. За низок старт и загревање на атмосферата ќе биде задолжен другарот @passngr а публиката ќе ја фрли во делириум другарот @vaskonetkovski помеѓу народот познат и како Васо, кој за овој настан ни е букиран уште од далечната дваесвтора 😆🍻🎧 - Претставниците на новата школа ќе ја емитуваат својата музика од стејџот во СК02. Другарот @asavic6 ќе почне да ја крчка атмосферата на тивок оган, за после него другарот @janko.petel.javashe да ја распали јако и да почнат да летаат на сите страни гаќи и прслуци (кој шо носи) 😆🤘🎧 - Бидејќи за овој 31ви се деси мала диџејска криза во која сите настапуваат на повеќе различни места, во случај да се случи ненамерно доцнење на некој од претставниците на старата и на новата школа, другарот @jankonen ќе биде спремен да улета со пешес сентиши за стискавац, као летеча измена, како не би се случил пад во атмосферата, енергијата, а богами и конзумацијата на алкохолни пијалоци. 🍻 Исто како и минатата година, така и оваа топлес танчерки нема да има. 😬 За крај уште да кажеме дека резервации нема, сите сте добредојдени и сакаме да ве видиме во најдобро расположение и да се зезаме додека имаме сила. 🥰Eдна љубов. 🫶 Вторник 31.12.2024 Старт 12ч Живели 🍻