29.11 Петок

21:00ч


Некои може знаат, повеќето сигурно не ама факт е дека главните членови на ЦК на @kafebarsindikat се родени во Југославија и најголемиот дел од своето детство, вклучувајќи и ран пубертет,го поминале тука. Тоа значи дека станале пионери, го поштуеле Тито, ја стекнале првата љубов, изгубиле невиност, јаделе ќутек со дрвена лажица, дремеле у ќош, листале Вручи Кај и поминале низ разни видови казнено поправни мерки од кои искочиле вакви ко шо се денес, добри луѓе... ма ку*ац добри - одлични. 😁 И не само тоа, туку имале можност да слушаат ретко добра поп/рок музика од една феноменална сцена пред да се распадне се и да завладеат некои несфатено лоши музички текови кои доминираат и денес 😭 Да не должиме многу, ние поносталгичните секоја година и натаму се собираме на 29-ти Ноември во нашиот респектабилен естаблишмент (овој пат во СК.02), пиеме и си ги слушаме најдобрите песни од нашата младост, не пука емоција и со суза у око и грутка у грло се потсеќаме на едни убаи времиња. Додека не се расплакал авторот на оваа објава, изволте сите у СК.02, па и во Синдикат во петок, од 20.30ч па на даље и у будуче. Музички избор, другарот @jankonen Љуби вас Синди. 🍻🥃🤘🎼✊

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟