Другари и другарки, кога сме веќе кај коктелите, спремете се овој четврток да пробате неколку коктели кои ги немаме во стандардното мени. Имено сконтавме дека имаме неколку добри француски коњаци кои ни фаќаат прашина, а другарот месје Блажо (@sbblade23) ни шепна дека знае да прави безобразно добри коктели со коњак и тука одма падна договор. Четврток 20.30ч, надворешниот шанк го презема Блажо и уживаме во одличните комбинации со коњак.