Се ближи крајот на ноември и дојде редот за традиционалната Мовемберска пијанка. Искрено се надеваме дека пуштивте бркови (девојки, не вие), зошто оваа среда го трансформираме СК.02 во берберница и цуцаме уиски од најпознатиот брко у алкохолната индустрија - Џек Даниелс. 🥃💈 Тоа значи дека секој младич што сака може да седне и да добие дотеруење на бркови и брада, а може и некое хипстерско фризурче ќе падне. Секако поддршката и од девојките многу ни значи, па спремивме и за нив по некој брк на стапче, за да не мислат дека ги запоставуваме и да летаат сторија на инста. 😁 За музичкиот дел ќе биде задолжен Веселин Таохаров а.к.а. Весо, кој верувале или не ќе ни пушта музика на касети. 📼 За дотерување бркови, бради и фризури тука ќе бидат другарите од @barbershop.sicho За крај би сакале да испратиме една порака дека ние другарите имаме проблеми и бубачки и убаво е да се дружиме, отворено да разговараме, да си помагаме, да ја подигнеме свеста за машкото здравје и фала богу - да се напиеме уиски и да испарадираме со добар брк. @jackdaniels_mk @kafebarsindikat