Услови и правила


1. Предмет


Добредојдовте на www.kadevecer.online, платформа за споделување на настани достапна на веб-локација на адресата www.kadevecer.online дизајнирана за - споделувања настани од различен карактер за полесно наоѓање и резервирање од страна на корисниците. Пред да ги користите услугите на www.kadevecer.online, должни сте да ги прочитате и прифатите условите за користење на страната. Овие одредби и услови имаат цел да го регулираат пристапот и условите за користење на Платформата. Вие разбирате и прифаќате дека www.kadevecer.online не е дел на ниту еден договор, изведувач или договорни односи од каква било природа склучени помеѓу членовите на платформата или помеѓу вас и организаторот на настанот. Со кликнување на „Најави се” или „Регистрирај се”, препознавате дека сте ги прочитале и прифатиле сите овие општи услови за користење. www.kadevecer.online има право да ги менува условите и правилата за кое што корисниците ќе бидат известени и понудени дали ги прифаќаат изменетите услови и правила.

Дополнително, корисникот прифаќа дека Платформата не е ограничена само на објавување настани и резервации поврзани со настани, туку претставува и дигитална платформа за откривање и промоција на локали, уметници и уредувачка содржина. Во рамки на Платформата може да бидат достапни страници за локали, менија и артикли, написи и авторска содржина, рецензии од корисници, резервации на локал, како и алатки преку кои овластени корисници или локали управуваат со сопствената содржина, профил, менија, артикли, настани и поврзани информации.

2. Дефиниции


Значење на поими:
„ Сметка “ значи сметка што мора да се создаде за да станете член и да пристапите до одредени услуги понудени од Платформата;
„ Резервација “ значи барање за резервација поднесено преку Платформата, било да е поврзано со конкретен настан или со страница на локал, со можни податоци за датум, време, број на гости, коментар и контакт информации;
„ www.kadevecer.online “ го има значењето што му е дадено во член 1 погоре;
„ Резервирање“ го има значењето дадено подолу;
„ Настан “ значи настан објавен на Платформата со информации за истиот, организиран од Локал или од трети лица.
„ Потврда за резервација “ го има значењето дадено подолу;
„ Член “ значи секое лице кое создало сметка на платформата;
„ Содржина на членовите “ го има значењето дадено во член 11.2 подолу;
„ Платформа “ се однесува на веб страната www.kadevecer.online и нејзината цел;
„ Услуги “ значи сите услуги што ги дава www.kadevecer.online преку Платформата;
„ Веб-страница “ значи веб-локација достапна на адресата www.kadevecer.online
„ Локал “ е член кој има дозвола да објавува Настан на платформата. Најчесто клуб, бар, итн.
„ Автор “ е член кој има дозвола да објавува Статија на платформата. Статиите воглавно се поврзани со музичката естрада во Северна Македонија.
„ Статија “ значи објавена статија на Платформата со информации на одредена тема.
„ Страница на локал “ значи јавна страница на Платформата што содржи информации за конкретен локал, неговите настани, менија, артикли, рецензии, локација и други релевантни податоци;
„ Мени “ значи листа на производи, пијалаци или други понуди на одреден локал објавени на Платформата;
„ Артикл “ значи поединечен производ или ставка во мени, со можни информации за цена, состојки, алергени, големина и фотографија;
„ Рецензија “ значи јавно корисничко мислење, оцена, опис или фотографија поврзани со локал објавени на Платформата;
„ Резервација на локал “ значи барање за резервација поднесено преку страница на локал, независно од конкретен настан, за датум, време, број на гости и дополнителни информации;
„ Содржина на локал или овластен корисник “ значи информации, текстови, менија, артикли, слики, настани, описи и други материјали управувани од локал, автор или друг овластен корисник преку Платформата.

3. Регистрација на платформата и креирање на сметка


3.1 Услови за регистрација на платформата
Платформата може да ја користат лица на возраст од 18 или повеќе години. Регистрацијата на платформата од малолетно лице е строго забранета. При пристапот, користењето или регистрирањето на Платформата, вие претставувате и гарантирате дека имате 18 години или повеќе.
3.2 Креирање на сметка
Платформата им овозможува на членовите да гледаат настани, локали, статии и друга јавна содржина, како и да користат функционалности за резервација и интеракција што се достапни според нивниот тип на сметка и доделените дозволи. Можете да ги прегледате настаните доколку не сте регистрирани на платформата. Сепак, не можете да користите одредени членски функционалности без претходно да креирате сметка и да станете член. Објавување или уредување настани, статии, менија, артикли и друга управувана содржина не е достапно за секој член по автоматизам, туку само за администратори или за корисници на кои им е доделено конкретно овластување од страна на www.kadevecer.online, вклучително и овластени автори и корисници поврзани со сопствен локал, и тоа само во рамки на дозволениот опсег. За да ја креирате вашата сметка, морате да ги пополнете сите задолжителни полиња на формуларот за регистрација, односно преку Google опцијата за најавување со вашата Google сметка; За да се регистрирате на Платформата, мора да сте ги прочитале и прифатиле овие правила и услови. При креирањето на вашата сметка, без оглед на избраниот метод, вие се согласувате да обезбедите точни и вистинити информации и да ги ажурирате преку вашиот профил, со цел да се гарантира нејзината релевантност и точност во текот на вашите договорни односи. Во случај на регистрација преку е-пошта, се согласувате да ја чувате тајната лозинката избрана при креирањето на вашата сметка и да не ја пренесувате никому. Само вие сте одговорни за користењето на вашата сметка од трети страни. Се согласувате да не создавате или користите, под ваш идентитет или на трето лице, сметки различни од првично создадените.

4. Користење на услугите


4.1 Објавување настани
Објавување и уредување настани на Платформата е дозволено само за администратори и за корисници на кои www.kadevecer.online им доделил соодветно овластување за таква активност. Доколку корисник е поврзан со конкретен локал или има посебно одобрение од Платформата, тој може да креира или уредува настани само во рамки на тој локал или во рамки на изрично дозволениот опсег. Ниту еден член нема општо и неограничено право да објавува настани само врз основа на регистрација. Овластениот корисник, при внесување информации за настанот што има намера да го промовира (датуми/време и место на одвивање, достапни опции и сл.), е должен да ги почитува условите наведени подолу. Кога ја објавувате вашата реклама за настан, можете да наведете повеќе информации во полето 'опис', доколку нема специфично поле за истите. Дозволено е да објавувате настан само ако ги исполнувате сите следни услови:
(i) објавувате настан на кој се почитуваат сите закони, прописи и обврски;
(ii) објавувате настан на локација што е јавно достапна и има дозвола за организирање настани;
(iii) гарантирате безбедност на настанот кој што го објавувате;
(iv) точност на информациите при објавување настан;
(v) нема скриени трошоци при одвивање на настанот;
(vi) доколку објавувате настан на кој се служат алкохолни пијалоци, се прават проверки кои се во согласност со важечките законски одредби;
(vii) немате намера да објавувате друга реклама за истиот настан на Платформата;
Вие признавате дека сте единствено одговорни за содржината на настанот што го објавувате на платформата www.kadevecer.online. Следствено, вие ја претставувате и гарантирате точноста и вистинитоста на сите информации содржани во вашата реклама за настанот, и се обврзувате да го исполните одржувањето на настанот под условите опишани во вашиот настан. Вашата реклама за настанот ќе биде објавена на платформата и затоа е видлива за членовите и сите посетители, дури и оние кои не се членови, кои вршат пребарување на веб-страницата www.kadevecer.online. www.kadevecer.online го задржува правото, по сопствена дискреција и без најава, да не објавува, да ограничи, да скрие или да отстрани, во секое време, каква било реклама за настан што не е во согласност со правилата и условите, што излегува надвор од овластувањата на конкретниот корисник, или што смета дека е штетна за нејзиниот имиџ, имиџот на платформата и корисниците на истата. Известени сте дека во случај да се претставите како корисник користејќи ја Платформата, а всушност дејствувате како професионалец, ќе бидете изложени на санкции предвидени со важечкиот закон.
4.2 Резервации преку Платформата
www.kadevecer.online овозможува систем за поднесување барања за резервација („ Резервирање “) преку Платформата, вклучително и резервации поврзани со конкретни настани и резервации на локал преку страница на локал. Начинот на резервација зависи од конкретната функционалност, локалот, настанот и достапните поставки на Платформата. www.kadevecer.online им обезбедува на корисниците на Платформата јавни информации и функционалности за преглед и поднесување барања за резервација, а одредени дополнителни функционалности се достапни само кога корисникот е поврзан со неговата/нејзината сметка. Резервирањето е дозволено само за членови кои имаат регистрирана сметка на Платформата и ги исполнуваат техничките и безбедносните услови што ги бара системот.
Членот кој сака да поднесе барање за резервација може да биде должен да внесе податоци како датум, време, број на гости, коментар или посебна забелешка, како и да потврди телефонски број кога таквата потврда е побарана од Платформата. Пред поднесување на барање за резервација, корисникот е должен внимателно да ги провери достапните информации, условите и ограничувањата што важат за конкретниот локал или настан. Кога корисникот поднесува барање за резервација, локалот или овластено лице може да го прими, разгледа, прифати, одбие или обработи барањето преку достапните комуникациски и технички канали на Платформата или поврзаните интеграции. Барањето за резервација може да биде проследено преку SMS, API, е-пошта или други технички интеграции што ги користи Платформата, а може да го содржи и телефонскиот број на Членот кога тоа е неопходно за контакт, потврда и обработка на барањето. По поднесување или обработка на резервација преку www.kadevecer.online, корисникот и локалот остануваат единствено одговорни за понатамошната комуникација, исполнувањето на договореното и сите конкретни услови поврзани со резервацијата.

4.3 Други функционалности на Платформата
Покрај објавување настани и барања за резервација поврзани со настани, Платформата може да овозможува и други функционалности како што се: (i) прикажување и управување со јавни страници на локали со основни информации, локација, фотографии и поврзани содржини;
(ii) објавување, уредување и јавно прикажување на менија и артикли на локали, вклучително и информации за цена, состојки, алергени, големина и фотографии;
(iii) објавување, уредување и јавно прикажување на статии, авторска содржина и поврзани информации од страна на овластени автори или администратори;
(iv) оставање, прикажување, уредување, ограничување или отстранување на кориснички рецензии и оценки, согласно правилата на Платформата и одлуките на администраторите;
(v) поднесување барања за резервација на локал преку страници на локали, независно од конкретен настан, при што локалот или овластено лице може да ја прифати, одбие или обработи резервацијата;
(vi) управување со содржина од страна на локали или други овластени корисници само во рамки на овластувањата што им се доделени од www.kadevecer.online;
(vii) објавување или уредување настани, статии, менија, артикли или друга содржина само кога корисникот има експлицитно право за тоа, при што таквото право може да биде ограничено по вид на содржина, по локал или по корисничка улога.
Секоја содржина објавена од локал, автор или друг овластен корисник останува под нивна одговорност, а www.kadevecer.online го задржува правото, по сопствена проценка, да измени, ограничи, скрие или отстрани содржина што е неточна, незаконска, навредлива, измамничка, спротивна на овие услови или штетна за Платформата, нејзините корисници или трети лица.

5. Цени, надоместоци и посебни услови


Освен ако изрично не е наведено поинаку, пристапот до Платформата, регистрацијата, прегледувањето на јавна содржина и користењето на одредени основни функционалности може да бидат достапни без директен надомест за крајните корисници.
Одредени услуги, позиции, интеграции, деловни функционалности, промотивни можности или други форми на присуство и користење на Платформата може да бидат предмет на посебни услови, индивидуални договори, комерцијални аранжмани, ценовници или други правила утврдени помеѓу www.kadevecer.online и овластени деловни корисници, партнери, локали, автори или други субјекти.
www.kadevecer.online не одговара за финансиски обврски, плаќања, наплати, поврати, надоместоци, провизии или други договорни односи договорени директно помеѓу корисник и локал, организатор, автор или друг деловен корисник, освен ако изрично не е наведено поинаку од страна на www.kadevecer.online.

6. Природа на Платформата и услугите


Платформата претставува дигитална услуга за прикажување, организирање, управување и интеракција со содржина поврзана со настани, локали, менија, артикли, рецензии, резервации и уредувачка содржина. www.kadevecer.online, освен ако изрично не е наведено поинаку, настапува како посредничка, информативна и техничка платформа, а не како договорна страна во односите помеѓу корисникот и локалот, организаторот, авторот или друг деловен корисник.
Корисникот се согласува да ја користи Платформата законито, совесно и во согласност со доделените овластувања. Неовластено користење на Платформата за лажно претставување, измама, прикриено или неовластено деловно настапување, доведување во заблуда на корисници, или објавување и управување со содржина без соодветно право, е строго забрането.
www.kadevecer.online го задржува правото да ја суспендира вашата сметка, да го ограничи вашиот пристап до услугите или да ги прекине овие услови во случај на незаконска, измамничка, неовластена, манипулативна или друга злоупотребувачка активност, или во случај на активност што е спротивна на овие услови, на важечките прописи или на легитимните интереси на Платформата, нејзините корисници и трети лица.

7. Политика за откажување


7.1 Услови во случај на откажување
Резервации направени преку www.kadevecer.online апликацијата се предмет на оваа политика за откажување; www.kadevecer.online не нуди никаква гаранција, од каква било природа, во случај на откажување од која било причина.

8. Однесување на корисниците на платформата и членовите


Вие признавате дека сте единствено одговорни за почитување на сите закони, прописи и обврски што се применуваат при вашето користење на Платформата. Понатаму, при користење на платформата и за време на настаните, вие прифаќате:
(i) да не ја користите Платформата за професионални, комерцијални или профитабилни цели.
(ii) да не испраќате на www.kadevecer.online (особено по креирањето или ажурирањето на вашата сметка) или на другите членови какви било лажни, погрешни, или злонамерни информации;
(iii) да не зборува или да се однесува на кој било начин или да објавува содржина на Платформата од клеветничка, навредлива, непристојна, порнографска, вулгарна, агресивна, непотребна, насилна, заканувачки, вознемирувачка, расистичка или ксенофобична природа, или со сексуална конотација, да не поттикнува насилство и говор на омраза или дискриминација, поттикнување активности или употреба на нелегални супстанци, или општо спротивно на целите на Платформата, што може да ги наруши правата на www.kadevecer.online или трето лице или е спротивно на добриот морал;
(iv) да не ги нарушува правата и имиџот на www.kadevecer.online.
(v) да не отвора повеќе од една сметка на платформата и да не отвора сметка на име на трето лице;
(vi) да не контактирате со друг член, особено преку Платформата, за друга цел освен за дефинирање на условите за споделување на настаните;
(vii) да не генерирате никаква добивка преку Платформата;
(viii) да го направите настанот како што е опишан во објавата за настан и да ги почитувате времињата и условите наведени во објавата;
(ix) да ги почитувате сите закони, прописи и шифри кои се применуваат за организирање и одржување на таков тип настан;

9. Суспендирање на сметки, ограничување на пристапот и прекинување


Можете да ги раскинете вашите договорни односи со www.kadevecer.online во секое време, без трошоци и без причина. за да го направите тоа, едноставно одете на „Затвори сметка“ на страницата за профил. Во случај на прекршување на овие услови, www.kadevecer.online има вистинска причина да верува дека суспендирањето е неопходно за да се заштити безбедноста и интегритетот на платформата, интегритетот на членовите или на трети страни, или заради спречување на измами или истраги, www.kadevecer.online го задржува правото на: веднаш и без претходна најава да ги прекине условите кои ве обврзуваат со www.kadevecer.online; и/или спречи објавување или отстранување на кој било преглед, резервација, содржина, барање за резервација или која било содржина објавена од вас на платформата; и/или да го ограничите вашиот пристап и користењето на Платформата; и/или Привремено или трајно да ја суспендира вашата сметка. Кога тоа е неопходно, ќе бидете известени за воспоставување на такви мерки со цел да ви овозможи да дадете објаснувања на www.kadevecer.online. www.kadevecer.online ќе одлучи, по своја дискреција, дали да ги укине или не преземените мерки.

10. Лични податоци


Во контекст на вашето користење на Платформата, www.kadevecer.online може да собира и обработува лични податоци што се неопходни за регистрација, најавување, користење на услугите и функционирање на корисничката сметка. Овие податоци може да опфаќаат, зависно од конкретната функционалност: име и презиме, е-пошта, податоци поврзани со автентикација и сметка, податоци добиени преку Google најава кога корисникот ја избира таа опција, телефонски број, податоци поврзани со потврда на телефонскиот број, како и информации внесени од корисникот при користење на Платформата.

При користење на функционалности за резервација, може да се обработуваат податоци како име, телефонски број, датум, време, број на гости, коментар и други информации што корисникот доброволно ги внесува со цел да поднесе барање за резервација. При користење на рецензии и корисничка содржина, може да се обработуваат текст на рецензија, оцена, фотографија, статус на анонимност и други придружни информации доставени од корисникот. Кога корисникот има право да објавува содржина, Платформата може да обработува и текстови, фотографии, прилози и други материјали што корисникот ги поставува во врска со написи, профил, менија, артикли или друга дозволена содржина.

Вашиот телефонски број може да биде споделен со локал или друг релевантен примач само во рамки на функционалноста за резервација, кога тоа е неопходно за контакт и обработка на барањето. Дополнително, за регистрирани корисници Платформата може да обработува податоци за претплата или одјава од билтен, како и да ја користи е-поштата за испраќање билтени, известувања поврзани со сметката и други сервисни или информативни пораки во согласност со поставките и правилата на Платформата. Корисникот може да се отпише од билтен преку линкот „Откажи претплата“ во самиот билтен или преку достапните поставки на профилот, кога таквата опција е обезбедена.

Платформата исто така користи cookies, сесиски податоци, локални поставки и технологии како local storage за да овозможи правилно функционирање на страницата, зачувување на одредени кориснички избори, подобро корисничко искуство, безбедност, аналитика и други легитимни технички потреби. Подетални информации за обработката на личните податоци, колачињата и правата на корисниците се достапни во Полисата за приватност и Полисата за колачиња на Платформата.

11. Улога на www.kadevecer.online


www.kadevecer.online претставува онлајн платформа преку која членовите можат да разгледуваат содржина поврзана со настани, локали, менија, артикли, статии, рецензии и резервации. Преку Платформата, корисниците можат да дознаат информации за ноќен живот и локали, да поднесат барања за резервација, да остават рецензии и да користат други достапни функционалности, додека овластени корисници можат да управуваат со сопствена содржина во рамки на доделените права. При користење на платформата и прифаќање на овие услови, вие признавате дека www.kadevecer.online не е договорна страна во односите помеѓу корисникот и локалот, организаторот, авторот или друг корисник во врска со конкретен настан, резервација, посета, услуга или друга интеракција. kadevecer.online нема контрола врз однесувањето на своите членови и корисници и, освен ако изрично не е наведено поинаку, не поседува, експлоатира, снабдува или управува со локалите, настаните или услугите прикажани на Платформата. Вие признавате и прифаќате дека www.kadevecer.online не ја гарантира валидноста, точноста, достапноста или законитоста на сите информации доставени од локал, организатор, автор или друг корисник. Во својство на посредничка, информативна и техничка платформа, www.kadevecer.online не обезбедува услуга на организатор, локал или продавач и не дејствува како продавач, угостител или директен давател на услугата;
улогата на www.kadevecer.online е ограничена на овозможување пристап до содржина, барања за резервација и поврзани дигитални функционалности. Во контекст на настаните, локалите и резервациите, членовите, локалите и другите релевантни корисници дејствуваат под нивна единствена и целосна одговорност. Во својство на посредник, www.kadevecer.online не може да биде одговорен особено за: погрешни или нецелосни информации доставени од локал, организатор или друг корисник; откажување, одбивање, измена или недостапност на настан, локал или резервација; техничка или оперативна недостапност на места, термини или капацитети; како и однесувањето на членовите, локалите или трети лица пред, за време или по користење на услугите на Платформата.

12. Работење, достапност и функционалности на Платформата


www.kadevecer.online ќе се обиде колку што е можно повеќе да ја одржува платформата достапна 7 дена во неделата и 24 часа на ден. Сепак, пристапот до Платформата може привремено да биде суспендиран, без најава, поради техничко одржување, миграција или операции за ажурирање, или порад ипрекини или ограничувања поврзани со работата на мрежата. Понатаму, www.kadevecer.online го задржува правото да го измени или суспендира целиот или дел од пристапот до Платформата или нејзините функционалности, по своја дискреција, привремено или трајно.

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟