Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 876
Review: (1 review)
06.06.2026 | PUBLIC ROOM | 21:00 Една вечер што не се повторува. 🎟️ Карти: Tix.mk - линк во био Ова не е само концерт — ова е искуство: - Целиот 7-член бенд за прв пат во живо ќе ги изведе новите, досега неиздадени песни — звук што се движи меѓу електронски текстури и интимни наративи креирани во изминатите 5 години. Специјални гости: Funk Shui • Disco Ninja • Audio Cigla • Ади Имери • Пере Нокаут • Изложба на „SCUM“ @scvm__ Во вид на визуелна трага што ја следи музиката на Миа — илустрации и видеа од песните на албумот. • Walk-in tattoo — @hirundotattoostudio @evatattoos тетовирање во живо / first come, first served. - Есклузивни дизајни инспирирани од песните, визуелите и естетиката на албумот. • На настанот ќе биде достапен и merch во лимитирано издание. .✦ ݁˖ 🪽 Крилата се креација на @1manev 📸 @volcko_volckovski
Замисли вечер каде што го црташ твоето милениче 🎨🐾 уживаш во атмосферата на Public Room, пиеш освежителен Bombay Tonic 🍸 или што и да ти е по мерак… иииии најубавото од сѐ — можеш да го донесеш и твоето најмило крзнено другарче за да уживате заедно 💙✨ 📩 За карта пишете ни во DM 💸 Цена: 900 ден
На 30. и 31. мај во Public Room повелете на премиерата на на „Првиот Македонец во вселената“! Оваа претстава почна од едно наивно, речиси детско прашање: што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како шега. Не како метафора. Не како национална фантазија за големина. Туку како потреба човек да излезе од просторот во кој постојано му се кажува дека е мал, задоцнет и невозможен. Првиот Македонец во вселената не е претстава за вселената. Таа е само најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство — чувството дека човекот и земјата можат да исчезнат не затоа што се уништени, туку затоа што престанале да веруваат дека имаат право на иднина. Ме интересираше што се случува со човек кој има визија поголема од средината во која се наоѓа. Дали таквиот човек е херој, будала, жртва, егоист или последниот нормален меѓу останатите? Ова е претстава за амбицијата, невидливоста, осаменоста и потребата да се погледне нагоре — дури и тогаш кога сите околу нас нè убедуваат дека тоа е смешно. - Борис Василески, режисер Актерска екипа: Марјан Наумов, Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Јанка Лефкова, Ана Грамосли/Вера Тошева Продуцент: Андреа Маркоска Драматург: Марио Стојаноски Костимографија: Марта Дојчиновска Видеоанимација: Артериа Емил Петро Инцидентна музика и дизајн на звук: Ади Имери Сценографија: Ненад Тонкин Избор на песни: Борис Василески Маркетинг-стратегија и консултација за текст: Сандра Вујовиќ Соработник за сценски движења: Анџелија Рондовиќ Графички дизајн: Даница Јанковиќ Почеток 20:00 Билети на tix.mk

На 28. мај во Public Room слушнете го во живо индонезиецот Manshur Angklung 🎶 Manshur Praditya познат како Manshur Angklung е роден на 25 јануари 1994 година во Бандунг, Индонезија. Тој е традиционален музичар, уметник и солист кој е пионер на „Angklung Toel“, кој ги комбинира звуците на овој традиционален индонезиски инструмент со електронска музика, под слоганот „BRING ANGKLUNG TO THE NEXT LEVEL“. Пред да се запознае со ангклунг, Маншур изучувал традиционална сунданска музика како гамелан, флејта, качапи, тапани и др., од 2009 година во средно стручно училиште. Потоа, во 2012 година, го продолжил своето образование на музичкиот оддел – студиска програма за ангклунг, на Индонезискиот институт за културни уметности во Бандунг, по што започнал музичка кариера која трае до денес. Маншур Ангклунг често настапува во Малезија, Тајван, Камбоџа, Јапонија, Индија, Дубаи, Данска, Босна и Херцеговина, Португалија и САД, претставувајќи ја Индонезија со своите настапи на ангклунг. Дополнително станал сè попознат по соработките со многу познати артисти и музичари во Индонезија. Карактеристиките што Маншур Ангклунг ги носи на своите настапи се динамична музика, свеж стил на облекување, впечатливи сценски перформанси, внимателно осмислени визуелен изглед и осветлување, како и високо ниво на изведувачка вештина, што ја забавува публиката и ја вовлекува длабоко во музиката што се изведува. Почеток 20:30 часот. Влезот за концертот е слободен! Настанот е организиран од Амбасадата на Република Индонезија и Почесниот конзулат на Република Индонезија.
Folie á Deux - Public Room - 27.05 - 21:00 Tickets - https://tix.mk/event/207/folie-a-deux-teatarska-pretstava Photo @m.oli00
Заедно со Паркети доделуваме 2 гратис карти за нивниот концерт во Public Room на 23. мај 🙌😍 ℹ️ Сѐ што треба да направите е да ја споделите оваа објава на вашиот профил или стори, и во коментар да ја означите личноста со која сакате да одите. Среќнте добитници ќе бидат избрани по случаен избор, во понеделник. 🍀
Епа, мили мои другари - пролетта ни доаѓа во звук. 🎵🩷 Ја отвораме нашата трета по ред музичка дружба, една мала традиција што си расти, како песна што не сака да заврши. 🌿 На 16.05 ќе се собереме пак, на исто место во @public.room и во исто време, да пееме на јазици што се разбираат без превод, да се прегрнеме без причина, да наздравиме за убавото што сè уште постои. 🥂 Вие што веќе сте биле со нас - знаете како е редот па да си го чуваме континуитетот. А вие што не сте ни биле до сега - елате си и приклучете ни се во групата љубители на традиционалната музика, винотото и убавите нешта - има доволно место за секое срце што слуша. 🥰 Ми фалевте. Ќе биде добро. Ќе има изненадувања.🤍 ⚠️ Поради просторот, бројот на карти што се пуштени во продажба е ограничен, па ако планирате да дојдете, побрзајте. Линкот е во био или побарајте го настанот на tix.mk. Да се најдеме таму каде што музиката не нè прашува кои сме - туку нè потсетува. 16.05. Ве чекам. 🩷 . Фото: Ивана Батев Дизајн : Ива Јованова . . #music #concert #zarina #traditional #fyp
Се гледаме во дворот на Public Room за afterwork со боја, музика и добра енергија 🎨✨ Ќе цртаме, ќе се дружиме и ќе создадеме нешто креативно што ќе се памети 💫 Пишете ни во DM за резервација на вашата карта 🎟️ Public ќе нè пречека со интересно мени на пијалоци 🍸 А, почнуваме со цртање веднаш по приемот 🕓 Викендот нека започне поинаку ✨ Плаќањето во Public Room се врши исклучиво со картичка 💳
💥Никола Тодороски со нови шеги 🚧кои својата премиера ќе ја доживеат на 📆11.05.2026 📍PUBLIC ROOM старт ⏰21:00 👉Билети на hahaha.mk 💥 Билет 400 ден. Принципот на сместување е прв дојден прв услужен! Шоуто не се препорачува на лица под 🍼16 годишна возраст!
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 876
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.