Nightlife

Настани

погледнете и некои од останатите настани

Nightlife

Претстава at Public Room

📍 Public Room · Скопје

🗓️ 30.05.2026 · Сабота

⏰ 20:00 — 01:00

На 30. и 31. мај во Public Room повелете на премиерата на на „Првиот Македонец во вселената“! Оваа претстава почна од едно наивно, речиси детско прашање: што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како шега. Не како метафора. Не како национална фантазија за големина. Туку како потреба човек да излезе од просторот во кој постојано му се кажува дека е мал, задоцнет и невозможен. Првиот Македонец во вселената не е претстава за вселената. Таа е само најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство — чувството дека човекот и земјата можат да исчезнат не затоа што се уништени, туку затоа што престанале да веруваат дека имаат право на иднина. Ме интересираше што се случува со човек кој има визија поголема од средината во која се наоѓа. Дали таквиот човек е херој, будала, жртва, егоист или последниот нормален меѓу останатите? Ова е претстава за амбицијата, невидливоста, осаменоста и потребата да се погледне нагоре — дури и тогаш кога сите околу нас нè убедуваат дека тоа е смешно. - Борис Василески, режисер Актерска екипа: Марјан Наумов, Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Јанка Лефкова, Ана Грамосли/Вера Тошева Продуцент: Андреа Маркоска Драматург: Марио Стојаноски Костимографија: Марта Дојчиновска Видеоанимација: Артериа Емил Петро Инцидентна музика и дизајн на звук: Ади Имери Сценографија: Ненад Тонкин Избор на песни: Борис Василески Маркетинг-стратегија и консултација за текст: Сандра Вујовиќ Соработник за сценски движења: Анџелија Рондовиќ Графички дизајн: Даница Јанковиќ Почеток 20:00 Билети на tix.mk

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟