Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 391
Review: (1 review)
😳 Уште пред да стигне во Охрид, интересот веќе ни направи проблем – па моравме да додадеме уште едно шоу! По огромниот интерес за настапот на Amos Gill во Охрид, еден од најострите и најбескомпромисни гласови на современата стенд-ап сцена, најавуваме негов настап и во #Скопје! И тоа онаму каде најубаво се смееме: на летната тераса на Public Room🌱 Amos Gill е еден од најострите и најбескомпромисни гласови на современата комедија, а во Скопје ни доаѓа со своето наградувано шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“ – вечер на директен, брз и брутално смешен хумор без филтри. Свежо по европските настапи со Jim Jefferies, Amos Gill е познат по сарказам што не простува и опсервации кои ги погодуваат сите „недопирливи“ теми на модерното секојдневие. Од сцени како Sydney Opera House до Madison Square Garden, и турнеи низ САД, Велика Британија и Австралија – ова е комичар со светска тежина и став без компромис. Башка, да не зборуваме за неговото хрватско потекло. Или подобро, ќе раскаже тој. Македонската публика веќе го посведочи неговиот неверојатен настап во 2025 година пред Jim Jefferies во СЦ „Јане Сандански“. Сега се враќа со соло шоу – подготвен за вечер што се памети. 📍 СКОПЈЕ – Public Room (летна тераса) 📅 22 јули 2026 🕘 21:00 часот 🎟 Билети во ограничен број на drugastrana.mk Пригодно летно разладување! Барем додека сè уште има надеж за смеење. 😎🎤 @abitofamosgill @public.room @tix.mk.official
🎺🎺🎺 Antwerp Gipsy Ska Orkestra доаѓа на Балканот! По повеќе од 25 години настапи низ Белгија и Европа, двајца членови на бендот конечно ја носат нивната музика назад кон своите корени! Создаден на улиците на Антверпен, а инспириран од богатата балканска музичка традиција, Antwerp Gipsy Ska Orkestra создава експлозивна мешавина од ска-ритми, ромски дувачки оркестар, панк енергија и балкански мелодии. Зад себе имаат настапи на некои од најголемите европски фестивали како Sziget , Dour и Lowlands, a сега пристигнуваат во Скопје! Овој концерт е многу повеќе од обичнен настап - за нив претставува враќање дома, прослава на семејните корени, миграцијата, пријателството и музичките традиции што го обликувале звукот на бендот уште од самиот почеток. Подгответе се за вечер исполнета со танцување, емоции, моќни дувачки инструменти, балканска енергија и атмосфера што долго ќе се памети 🙌🙌🙌 Се гледаме во Public Room на 4.јули! 🎶 Билетите се достапни на tix.mk 🎫
Следниов четврток, 25 јуни, ве покануваме на дружење во диско-фанк ритам 🕺 На сцената во Public Room ќе настапат: Кали - вокал Филипче Димишковски - клавијатури Предраг Икономовски Педо - гитара Дарко Мучев Мучо - бас гитара Бодин Попов - тапани Влезот е слободен 🙌 Започнуваме во 21 часот ⌚ Доколку сакате да си направите резервација побарајте нѐ на 078 250 554 🍸 💳 Мал потсетник: Во Public Room плаќањето се врши исклучиво со картичка. Па, нека ви биде при рака 😉 🍒ℹ️ "Кали Камелеон" е музички концепт на Калина Велковска Кали, на "живи свирки" кој е директно инспириран од нејзиниот претходен проект наречен "Kaly's music challenge" и дава едно шаренолико звучно искуство преку широката лепеза на музички имиња кои земаат учество и го бојат секој настап со нивниот личен сензибилитет, изведувајќи светски и домашни хитови и со тоа секoја недела се добива производ кој постојано ја менува звучната слика.
Концерт на ROUZI + Radar Crew во Public Room на 19.јуни 🙌 👊 ROUZI е еден од најбрзо растечките изведувачи од Белград – рапер, пејач и перформер кој се издвојува со својот автентичен звук. Во неговата музика се преплетуваат trap, UK garage, балкански drum & bass и современ rap, создавајќи препознатлив стил што лесно допира до поширока публика. Со над 200.000 месечни слушатели и милионски прегледи на YouTube, Rouzi за кратко време изгради силна фан база и се позиционира како едно од најперспективните имиња на балканската сцена. Неговите песни носат спој на енергија и емоција – моќни битови и заразни рефрени што функционираат и во клуб и на стриминг платформи. По успехот на „Iza mene“ (2020), следуваа хитови како „Malo tiše“ (со Jowam) и „Jao mama“ (со Cobi), чија актуелност надмина 20 милиони прегледи. Со специфичен вокал, сè поголема публика и силно онлајн присуство, Rouzi е подготвен за следниот чекор – освојување на регионалната и интернационалната сцена. Бендот го сочинуваат: Дамјан Неделков (Proto tip) Павле Петровиќ (Vizelj) Андреј Младеновиќ (Turbo Trans Turisti) Никола Бугарчиќ Алекса Ранчиќ Иван Нешиќ Милица Добриќ 🎟️ Билети на tix.mk ⌚ Почеток 21 часот. 💳 Потсетник: Во Public Room плаќањето е само со картичка. Па, нека ви биде при рака. Се гледаме на 50-та Дивизија бр.22!
Со огромно задоволство ве покануваме да бидете дел од музичкото патување на кое ќе нè поведе Андреа Мирческа, заедно со нејзиниот квинтет. Станува збор за нејзиниот прв самостоен проект со авторска музика, инспирирана од бразилските звуци од периодот Тропикалија. Преку авангардните и експериментални звуци, ќе отпатуваме таму каде што контрабасот слика пејзажи, а ноќта дише во неговиот ритам. Настапуваат: @andreaa.a.a.a.a.a - контрабас, вокал и клавијатури @dragojcho - тапани @bookabuka - гитара @trayanizam1 - кларинет и бас кларинет Нинослав Спировски - тенор и сопран саксофон Слика и дизајн: @ljubentie Билетите се достапни на tix.mk
Запознајте ги музичарите кои се дел од TRANSMIssION! 🥁 👉 Ова е Александар Петров, перкусионист и композитор. Неговиот омилен инструмент е тапанот, со кој уште од најрана возраст го држи ритамот во фолклорните оркестри. По завршувањето на музичкото средно училиште во Македонија, ги продолжува студиите по класични ударни инструменти во Париз, на CNR. Сосема природно одлучува да го внесе тапанот во нови контексти, соработувајќи со музичари од џез, world music, современ танц и импровизирана музика. Соочен со овој богат свет, тој продолжува да го развива својот многу личен и специфичен стил на свирење на тапан. По Париз, неговата нова дестинација станува Њујорк – вистинско „гнездо“ на џезот и музичката слобода на највисоко ниво. Тој бил уметнички директор и еден од креаторите на џез клубот WHYNOT JAZZ ROOM во Менхетен во 2013 година. Во периодот 2013–2015, WHYNOT JAZZ ROOM станува место каде настапуваат многу врвни музичари како Есперанца Сполдинг, Џорџ Гарзон, Вилијам Паркер, Тео Крокер, Џо Ловано, Ди Ди Бриџвотер, Лео Геновезе... со дури 70 концерти месечно! ✨ На музичкото патување наречено TRANSMIssION тапанот ги спојува старите традиции со новото време, комбинирајќи сурова акустика со модерна електроника! Ќе настапaт: Александар Петров- тапан, перкусии; Тања Царовска- вокал; Симеон Петров - клавијатури, труба; Филип Динев - гитара, ефекти; Ленна (ФР)- луп, ефекти. 🗓️ 12. јуни, 21 часот, Public Room 🎟️ Билетите се достапни на tix.mk
06.06.2026 | PUBLIC ROOM | 21:00 Една вечер што не се повторува. 🎟️ Карти: Tix.mk - линк во био Ова не е само концерт — ова е искуство: - Целиот 7-член бенд за прв пат во живо ќе ги изведе новите, досега неиздадени песни — звук што се движи меѓу електронски текстури и интимни наративи креирани во изминатите 5 години. Специјални гости: Funk Shui • Disco Ninja • Audio Cigla • Ади Имери • Пере Нокаут • Изложба на „SCUM“ @scvm__ Во вид на визуелна трага што ја следи музиката на Миа — илустрации и видеа од песните на албумот. • Walk-in tattoo — @hirundotattoostudio @evatattoos тетовирање во живо / first come, first served. - Есклузивни дизајни инспирирани од песните, визуелите и естетиката на албумот. • На настанот ќе биде достапен и merch во лимитирано издание. .✦ ݁˖ 🪽 Крилата се креација на @1manev 📸 @volcko_volckovski
Замисли вечер каде што го црташ твоето милениче 🎨🐾 уживаш во атмосферата на Public Room, пиеш освежителен Bombay Tonic 🍸 или што и да ти е по мерак… иииии најубавото од сѐ — можеш да го донесеш и твоето најмило крзнено другарче за да уживате заедно 💙✨ 📩 За карта пишете ни во DM 💸 Цена: 900 ден
На 30. и 31. мај во Public Room повелете на премиерата на на „Првиот Македонец во вселената“! Оваа претстава почна од едно наивно, речиси детско прашање: што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како шега. Не како метафора. Не како национална фантазија за големина. Туку како потреба човек да излезе од просторот во кој постојано му се кажува дека е мал, задоцнет и невозможен. Првиот Македонец во вселената не е претстава за вселената. Таа е само најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство — чувството дека човекот и земјата можат да исчезнат не затоа што се уништени, туку затоа што престанале да веруваат дека имаат право на иднина. Ме интересираше што се случува со човек кој има визија поголема од средината во која се наоѓа. Дали таквиот човек е херој, будала, жртва, егоист или последниот нормален меѓу останатите? Ова е претстава за амбицијата, невидливоста, осаменоста и потребата да се погледне нагоре — дури и тогаш кога сите околу нас нè убедуваат дека тоа е смешно. - Борис Василески, режисер Актерска екипа: Марјан Наумов, Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Јанка Лефкова, Ана Грамосли/Вера Тошева Продуцент: Андреа Маркоска Драматург: Марио Стојаноски Костимографија: Марта Дојчиновска Видеоанимација: Артериа Емил Петро Инцидентна музика и дизајн на звук: Ади Имери Сценографија: Ненад Тонкин Избор на песни: Борис Василески Маркетинг-стратегија и консултација за текст: Сандра Вујовиќ Соработник за сценски движења: Анџелија Рондовиќ Графички дизајн: Даница Јанковиќ Почеток 20:00 Билети на tix.mk
На 30. и 31. мај во Public Room повелете на премиерата на на „Првиот Македонец во вселената“! Оваа претстава почна од едно наивно, речиси детско прашање: што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како шега. Не како метафора. Не како национална фантазија за големина. Туку како потреба човек да излезе од просторот во кој постојано му се кажува дека е мал, задоцнет и невозможен. Првиот Македонец во вселената не е претстава за вселената. Таа е само најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство — чувството дека човекот и земјата можат да исчезнат не затоа што се уништени, туку затоа што престанале да веруваат дека имаат право на иднина. Ме интересираше што се случува со човек кој има визија поголема од средината во која се наоѓа. Дали таквиот човек е херој, будала, жртва, егоист или последниот нормален меѓу останатите? Ова е претстава за амбицијата, невидливоста, осаменоста и потребата да се погледне нагоре — дури и тогаш кога сите околу нас нè убедуваат дека тоа е смешно. - Борис Василески, режисер Актерска екипа: Марјан Наумов, Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Јанка Лефкова, Ана Грамосли/Вера Тошева Продуцент: Андреа Маркоска Драматург: Марио Стојаноски Костимографија: Марта Дојчиновска Видеоанимација: Артериа Емил Петро Инцидентна музика и дизајн на звук: Ади Имери Сценографија: Ненад Тонкин Избор на песни: Борис Василески Маркетинг-стратегија и консултација за текст: Сандра Вујовиќ Соработник за сценски движења: Анџелија Рондовиќ Графички дизајн: Даница Јанковиќ Почеток 20:00 Билети на tix.mk
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 391
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.
No Photos.