Достапни термини
your creative cocktail destination, where mixology of Vibrate drinks meets fluid Music and elevates the atmosphere to new Heights
your creative cocktail destination, where mixology of Vibrate drinks meets fluid Music and elevates the atmosphere to new Heights
Jurij Gagarin 51/1 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Type: Bar
Viewed: 329
Review: (0 reviews)
NIGHT WALKERS 16.08.26 Погонци, минатиот пат водичот ни заглави по патиштата и од прошетката ништо. 😂 Затоа на 16.08 се собираме пак, овој пат се надеваме во уште поголем број и луѓе и четириножни суштества. Идејата е иста, летово не ги шетаме кучињата кога сонцето е најсилно. Жешкиот асфалт може да им ги повреди шепите, а високите температури не им годат. Затоа чекаме да зајде сонцето, да се подолади асфалтот и тогаш тргнуваме. Во 20:30 се собираме во Погон, се запознаваме, ги запознаваме и нив меѓу себе, па правиме една опуштена 15/20-минутна прошетка низ маало. После прошетката се враќаме назад во Погон. За четириножните другари: - ладна вода - грицки обезбедени од другарите од Petsy, а со промо купонот „Petsy x Pogon Bar“ добивате и попуст на нивните производи. А за тие што го држат поводникот, имаме наше разладување: Крали Марко – 100 ден. Златен Даб Амбер – 100 ден. Џин тоник – 180 ден. Овој пат стварно шетаме. Ставете го поводникот, земете го најдобриот другар и дојдете да направиме едно големо четириножно друштво во Погон. 16.08.2026 - 20:30
5 години од најзаљубениот погонски пар. Пред 5 години, едно лето во Погон се родија два коктели Перверзија и Удрен Босилек Од тогаш некако си одат заедно. 😄 Си поминаа пет лета, се сменија многу коктели на менито, ама овие два си останаа верни еден на друг… и на вас. А овој петок славиме 5 години од нашиот најстар и најзаљубен погонски пар коктели🫶 Перверзија Удрен Босилек Двата коктели ќе бидат на промо цена цела вечер 🥵 Ако сте со нив од почеток, сега ќе знаете што да нарачате, но ако никогаш не сте ги пробале (после 5 години врска), епа време е конечно да ги запознаете. 😄 Во петок наздравуваме за љубов што трае 🫶
Blind Date во Погон #5 Погонци, по 5-ти пат организираме Blind Date… 🫶 После четири изданија, решивме повторно да ве собереме. А овој пат доаѓаме и малку повеќе поподготвени 😄 За да биде уште подобро, ги земавме предвид сите ваши коментари и предлози, од Reddit, X (Twitter) и од сите што ни пишаа или ни кажаа во Погон. Фала ви што ни помогнавте да го направиме настанот уште поинтересен. 🙌 Е сега како функционира? Доаѓаш, добиваш бројче и ние се грижиме за останатото. Ќе седнеш на маса со некој што никогаш претходно не си го запознал/а. Имате 5 минути за муабет. Ако кликнете, супер…. Ако не, тогаш нема незгодни моменти. Следува нова маса, нов човек и нова шанса. За сите пријавени девојки, првото шотче е од нас 😍 - Возраст • група 1: 25 - 33 години и • група 2: 33 - 42 години - Ограничен број макс: 15 девојки и 15 момци - Настанот започнува само доколку има приближен број на пријавени (машко/женско)… Не ветуваме дека ќе си ја најдеш љубовта на животот. 😄 Ама ветуваме добра атмосфера, многу смеа, нови луѓе и можеби едно познанство што ќе трае многу подолго од тие 5 минути. Пријавување за настанов во порака 📥
🪁 АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ! 🪁 Чиј змај ќе остане најдолго во воздух? Тој што најдобро ќе го совлада ветерот не добива само аплауз... ✈️ Освојува летање со авион над Скопје заедно со @wingair_team ! Погонци, оваа сабота не гледаме во телефони... гледаме во небото ☀️ Во 18:00 Сабота се собираме и ги пуштаме змаевите. Без разлика дали си направил свој на работилницата или веќе имаш омилен змај (донеси го и фати го ветерот). Предизвикот е едноставен: Тој што најдобро ќе го совлада ветерот не добива само аплауз, освојува летање со авион над Скопје заедно со @wingair_team Нема врска дали имаш 18 или 60 години. Ова е една од оние игри што сите нè враќаат во детството. А кога ќе завршиме со летањето, се враќаме во Погон на добра музика, уште подобар муабет и промоција: Дружимата од @redbullmakedonija плус ни спреми 2 коктелисо Red Bull што ќе ни бидат на промо и Red Bull че по промо цена. Пријавете се во порака за резевација термин за летањето. Се гледаме во Погон
Blind Date во Погон Погонци, оставете ги телефоните, заборавете на swipe-овите и запознајте некого во живо. Доаѓаш, се пријавуваш и добиваш бројче, а ние ќе се грижиме за останатото. Ќе седнеш на „слепа маса“ со некој што никогаш претходно не си го запознал/а и ќе имате 5 минути за разговор. Потоа следува нова маса. Нов човек. Ако муабетот тргне , супер, акоо не , за 5 минути веќе си на следната маса… Возраст: 25–38 години Ограничен број: 15 жени и 15 мажи Настанот започнува само доколку има еднаков број на пријавени. Ова е само една вечер за нови луѓе и можеби едно познанство што ќе трае многу подолго од тие 5 минути. Пријавување во порака или директно во Погон.
🌙 Night Walkers 🐾 Погонци, летово не се шетaaт кучињата кога сонцето е најсилно.... Жешкиот асфалт може сериозно да им ги изгори шепите на кучињата, а високите температури лесно можат да им создадат проблеми. Затоа, кога сонцето ќе зајде (и асвалтот ќе се подолади), време е за нивната прошетка 🐶 Во 20:30 се собираме во Погон и заедно ќе направиме една опуштена прошетка низ маало. Нема да брзаме, а уште помалку да се тркаме, само шетање и опуштена дружба за да им правиме убава вечер на нашите четириножни другари. По околу 30 минути се враќаме во Погон, каде што ги чека: 💧 ладна вода 🦴 грицки за милениците (обезбедени од другарите @petsymk ), а со нивниот промо купон “Petsy x Pogon Bar” добивате и попуст на сите нивни продукти А од нас ве чека мало разладување (за сите што сте со вашето милениче): 🍺 Крали Марко – 100 ден. 🍺 Златен Даб Амбер – 100 ден. 🍸 Џин тоник – 180 ден. Ставете го поводникот, земете го најдобриот другар и се гледаме во Погон 🖤🐾
Pogon Bar for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 329
No Photos.
Резервации
Одбери термин и број на гости. Резервацијата се испраќа директно до локалот.
your creative cocktail destination, where mixology of Vibrate drinks meets fluid Music and elevates the atmosphere to new Heights