Blind Date во Погон #5 Погонци, по 5-ти пат организираме Blind Date… 🫶 После четири изданија, решивме повторно да ве собереме. А овој пат доаѓаме и малку повеќе поподготвени 😄 За да биде уште подобро, ги земавме предвид сите ваши коментари и предлози, од Reddit, X (Twitter) и од сите што ни пишаа или ни кажаа во Погон. Фала ви што ни помогнавте да го направиме настанот уште поинтересен. 🙌 Е сега како функционира? Доаѓаш, добиваш бројче и ние се грижиме за останатото. Ќе седнеш на маса со некој што никогаш претходно не си го запознал/а. Имате 5 минути за муабет. Ако кликнете, супер…. Ако не, тогаш нема незгодни моменти. Следува нова маса, нов човек и нова шанса. За сите пријавени девојки, првото шотче е од нас 😍 - Возраст • група 1: 25 - 33 години и • група 2: 33 - 42 години - Ограничен број макс: 15 девојки и 15 момци - Настанот започнува само доколку има приближен број на пријавени (машко/женско)… Не ветуваме дека ќе си ја најдеш љубовта на животот. 😄 Ама ветуваме добра атмосфера, многу смеа, нови луѓе и можеби едно познанство што ќе трае многу подолго од тие 5 минути. Пријавување за настанов во порака 📥