NIGHT WALKERS 16.08.26 Погонци, минатиот пат водичот ни заглави по патиштата и од прошетката ништо. 😂 Затоа на 16.08 се собираме пак, овој пат се надеваме во уште поголем број и луѓе и четириножни суштества. Идејата е иста, летово не ги шетаме кучињата кога сонцето е најсилно. Жешкиот асфалт може да им ги повреди шепите, а високите температури не им годат. Затоа чекаме да зајде сонцето, да се подолади асфалтот и тогаш тргнуваме. Во 20:30 се собираме во Погон, се запознаваме, ги запознаваме и нив меѓу себе, па правиме една опуштена 15/20-минутна прошетка низ маало. После прошетката се враќаме назад во Погон. За четириножните другари: - ладна вода - грицки обезбедени од другарите од Petsy, а со промо купонот „Petsy x Pogon Bar“ добивате и попуст на нивните производи. А за тие што го држат поводникот, имаме наше разладување: Крали Марко – 100 ден. Златен Даб Амбер – 100 ден. Џин тоник – 180 ден. Овој пат стварно шетаме. Ставете го поводникот, земете го најдобриот другар и дојдете да направиме едно големо четириножно друштво во Погон. 16.08.2026 - 20:30