Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 311
Review: (1 review)
Запознајте ги музичарите кои се дел од TRANSMIssION! 🥁 👉 Ова е Александар Петров, перкусионист и композитор. Неговиот омилен инструмент е тапанот, со кој уште од најрана возраст го држи ритамот во фолклорните оркестри. По завршувањето на музичкото средно училиште во Македонија, ги продолжува студиите по класични ударни инструменти во Париз, на CNR. Сосема природно одлучува да го внесе тапанот во нови контексти, соработувајќи со музичари од џез, world music, современ танц и импровизирана музика. Соочен со овој богат свет, тој продолжува да го развива својот многу личен и специфичен стил на свирење на тапан. По Париз, неговата нова дестинација станува Њујорк – вистинско „гнездо“ на џезот и музичката слобода на највисоко ниво. Тој бил уметнички директор и еден од креаторите на џез клубот WHYNOT JAZZ ROOM во Менхетен во 2013 година. Во периодот 2013–2015, WHYNOT JAZZ ROOM станува место каде настапуваат многу врвни музичари како Есперанца Сполдинг, Џорџ Гарзон, Вилијам Паркер, Тео Крокер, Џо Ловано, Ди Ди Бриџвотер, Лео Геновезе... со дури 70 концерти месечно! ✨ На музичкото патување наречено TRANSMIssION тапанот ги спојува старите традиции со новото време, комбинирајќи сурова акустика со модерна електроника! Ќе настапaт: Александар Петров- тапан, перкусии; Тања Царовска- вокал; Симеон Петров - клавијатури, труба; Филип Динев - гитара, ефекти; Ленна (ФР)- луп, ефекти. 🗓️ 12. јуни, 21 часот, Public Room 🎟️ Билетите се достапни на tix.mk
06.06.2026 | PUBLIC ROOM | 21:00 Една вечер што не се повторува. 🎟️ Карти: Tix.mk - линк во био Ова не е само концерт — ова е искуство: - Целиот 7-член бенд за прв пат во живо ќе ги изведе новите, досега неиздадени песни — звук што се движи меѓу електронски текстури и интимни наративи креирани во изминатите 5 години. Специјални гости: Funk Shui • Disco Ninja • Audio Cigla • Ади Имери • Пере Нокаут • Изложба на „SCUM“ @scvm__ Во вид на визуелна трага што ја следи музиката на Миа — илустрации и видеа од песните на албумот. • Walk-in tattoo — @hirundotattoostudio @evatattoos тетовирање во живо / first come, first served. - Есклузивни дизајни инспирирани од песните, визуелите и естетиката на албумот. • На настанот ќе биде достапен и merch во лимитирано издание. .✦ ݁˖ 🪽 Крилата се креација на @1manev 📸 @volcko_volckovski
Folie á Deux - Public Room - 27.05 - 21:00 Tickets - https://tix.mk/event/207/folie-a-deux-teatarska-pretstava Photo @m.oli00
Заедно со Паркети доделуваме 2 гратис карти за нивниот концерт во Public Room на 23. мај 🙌😍 ℹ️ Сѐ што треба да направите е да ја споделите оваа објава на вашиот профил или стори, и во коментар да ја означите личноста со која сакате да одите. Среќнте добитници ќе бидат избрани по случаен избор, во понеделник. 🍀
Епа, мили мои другари - пролетта ни доаѓа во звук. 🎵🩷 Ја отвораме нашата трета по ред музичка дружба, една мала традиција што си расти, како песна што не сака да заврши. 🌿 На 16.05 ќе се собереме пак, на исто место во @public.room и во исто време, да пееме на јазици што се разбираат без превод, да се прегрнеме без причина, да наздравиме за убавото што сè уште постои. 🥂 Вие што веќе сте биле со нас - знаете како е редот па да си го чуваме континуитетот. А вие што не сте ни биле до сега - елате си и приклучете ни се во групата љубители на традиционалната музика, винотото и убавите нешта - има доволно место за секое срце што слуша. 🥰 Ми фалевте. Ќе биде добро. Ќе има изненадувања.🤍 ⚠️ Поради просторот, бројот на карти што се пуштени во продажба е ограничен, па ако планирате да дојдете, побрзајте. Линкот е во био или побарајте го настанот на tix.mk. Да се најдеме таму каде што музиката не нè прашува кои сме - туку нè потсетува. 16.05. Ве чекам. 🩷 . Фото: Ивана Батев Дизајн : Ива Јованова . . #music #concert #zarina #traditional #fyp
Се гледаме во дворот на Public Room за afterwork со боја, музика и добра енергија 🎨✨ Ќе цртаме, ќе се дружиме и ќе создадеме нешто креативно што ќе се памети 💫 Пишете ни во DM за резервација на вашата карта 🎟️ Public ќе нè пречека со интересно мени на пијалоци 🍸 А, почнуваме со цртање веднаш по приемот 🕓 Викендот нека започне поинаку ✨ Плаќањето во Public Room се врши исклучиво со картичка 💳
💥Никола Тодороски со нови шеги 🚧кои својата премиера ќе ја доживеат на 📆11.05.2026 📍PUBLIC ROOM старт ⏰21:00 👉Билети на hahaha.mk 💥 Билет 400 ден. Принципот на сместување е прв дојден прв услужен! Шоуто не се препорачува на лица под 🍼16 годишна возраст!
🎤 Marina Orsag во Public Room, oвој викенд! 😍 На 9. и 10. мај ни гостува една од најдобрите стенд-ап комичарки во регионот – Marina Orsag, со своето шоу „THE BEST OF MARINA ORSAG“. ✨ Со повеќе од 20 години искуство и илјадници настапи низ Европа и регионот, Марина носи вечер исполнета со искрен хумор, одлична енергија и смеа до солзи. 🎟 Билети: tix.mk Не ја пропуштајте оваа стенд-ап вечер во Public Room!
🎤 Marina Orsag во Public Room, oвој викенд! 😍 На 9. и 10. мај ни гостува една од најдобрите стенд-ап комичарки во регионот – Marina Orsag, со своето шоу „THE BEST OF MARINA ORSAG“. ✨ Со повеќе од 20 години искуство и илјадници настапи низ Европа и регионот, Марина носи вечер исполнета со искрен хумор, одлична енергија и смеа до солзи. 🎟 Билети: tix.mk Не ја пропуштајте оваа стенд-ап вечер во Public Room!
Си ги набавивте ли вашите билети за Cafe De Anatolia на 8.мај? 😍 За прв пат во Скопје ќе имаме можност да уживаме во магична вечер со Organic House и Afro House музика, танц перформанси и пантомима, како и ексклузивна промоција на Cafe De Anatolia вино🪘 Ова ќе биде вечер во која музиката, уметноста и вкусот ќе се спојат во едно незаборавно искуство 💫 🎫Билетите се достапни на mktickets.mk 🗓️8. мај, петок, 21 часот, Public Room
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 311
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.
No Photos.