Nightlife

Настани

погледнете и некои од останатите настани

Nightlife

Претстава at Public Room

📍 Public Room · Скопје

🗓️ 12.09.2026 · Сабота

⏰ 20:00 — 01:00

Следниов месец во Public Room - фантастичниот Драган Маца Маринковиќ заедно со нашата Ивана Наскова 🙌 🎭Претстава што ќе ве натера да размислите – за себе, за љубовта и за светот во кој живееме. Ние сме генерација што не сака врски и живее брзо, од ден за ден… Свајпуваме по дејтинг апликации со надеж дека ќе го најдеме „вистинскиот“. Сонуваме да си ја нарачаме сродната душа преку интернет, читаме „Пет знаци дека е заинтересиран“ и „Седум начини како да го освоиш“ – уверени дека можеме да го испрограмираме човекот за љубов, како проект на работа. А сепак, ние сме тие што бегаат од вистинска, длабока конекција. Сакаме фасада од љубов без труд, држење за рака без поглед во очи, ветувања без посветеност. Сакаме да славиме годишнина без оние 364 дена што водат до неа. Играме игри во кои нема победници – и на крај остануваме сами. Сакаме љубов како од филм, ама не правиме ништо за неа. Или се откажуваме пребрзо, на првата препрека. Дали повеќе сакаме некој да нè сака, или ние да сакаме? Колку бракот го менува односот меѓу двајца? Да се биде во брак или не? Дали секогаш има страст на почетокот на врската, а потоа раскинување? Што е навистина потребно за еден складен брак? Одговорите на овие вечни прашања за љубовта и односите меѓу мажот и жената —ги носи нашата позната стенд ап комичарка, писателка,тв и радио водителка Ивана Наскова на свој, женски и искрен начин. Ова е претстава што ќе ве насмее, ќе ве замисли и ќе ве натера да се погледнете во огледало — затоа што, на крајот, какoв ти е партнерот – таков ти е животот. Публика ќе ужива во приказната за машко-женските односи и суровата секојдневица – со поука дека, колку и да е заплеткан животот, љубовта останува неговиот вистински смисол. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Предизвикува болки во стомакот од смеење, голема количина солзи радосници, а постои и можност да го изгубите гласот од толку силно смеење! Претставата е наменети за публика +16 години без разлика на полот, расната и националната припадност, религиското и политичкото определување, сексуалната ориентација, социјалниот статус, како и хендикепираноста 🗓️12/09/26 🕗20:00 📍Public Room 🎟️Билетите се во претпродажба на zlatenzab.mk
A few people are planning to go.

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟