Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 876
Review: (1 review)
Како дел од ONWARD турнеата, Cardinal Point ќе настапуваат во Скопје на 4 април 2026 година (сабота) во PUBLIC ROOM, а нивна поддршка ќе бидат локалниот бенд Кarma Scale. Cardinal Point е Јужен/стонер/хеви рок бенд од Врање (Србија). Првото официјално издание на бендот беше прогласе добар деби албум за 2015 година и беше меѓу првите 30 во целиот регион. Албумот беше промовиран на ТВ и радио станици низ Европа, САД, Јужна Америка и Балканот. промоција имаше ЕХІТ, Белградски пиво-фест. Шумадија фест, Зајечарска гитаријада, Таксират итн. и концертни настапи во Србија, регионот и дел од Европа, како и пром музичкиот спот за песната „Мesmerised" која беше претставена во американски документарен филм за ICON 1000 „Days of Thunderdome" (Harley-Davidson vs NASCAR). На крајот на 2023 година, бендот ќе го издаде својот втор ЛП албум Man or sland" под издавачката куќа Q-Records. Албумот беше промовиран со бројни настапи и осуммесечна турнеја, како и на радио станици и онлајн списанија во Англија, Франција Шпанија, Италија, Бразил, Аргентина, САД, Русија, Германија, Холандија, Грција, Финска, Шведска итн. и секако низ целиот регион. Кардинал Поинт е добитник на бројни престижни награди и признанија. Karma Scale е македонски металкор бенд што носи нов звук на алтернативената сцена со уникатен пристап и енергија. Секоја песна носи изненадување од сурова агресија до длабоки мелодии и заразни грувови, привлекувајќи ја и најпребирливата публика. Иако млади, настапуваат на врвни фестивали како Hills of Rock 2026, оставајќи силен впечаток со сценско присуство и емоција. Со новиот сингл „Hover over me" ја прошируваат визијата, рушејќи ги границите на металкоорот со свежина, иновација и автентичност. 📍@public.room 📅 4 април 21 часот 🎫 400 денари
Маскирај се и влези во диско филм овој Први април во Public Room! 😎 Нема резервации, нема компликации – само дојди и уживај! 🍹
🎙 Стенд-ап шоу sо Ниџо во Public Room Вистинска можност за сите што ги пропуштија претходните настапи.✨ Ниџо носи комичен микс од најдобрите моменти – за последен пат во Скопје! Подгответе се за многу смеа, приказни за Тетка Маре и секојдневието на Ниџо… и можеби ќе откриете и нешто за себе. 😁 🎫 Карти: tix.mk Не пропуштајте вечер исполнета со хумор и добра атмосфера! 🎭
🎙Придружете ни се на YUGO house flavour во Public Room, на 27. март, петок! Слушаме Оливер Драгојевиќ, Екатерина Велика, Здравко Чолиќ и уште многу култни имиња од екс - југословенските простори во малку поинаква, house варијанта! 🥂 Резервирајте си го 27.03. за дружење во Public Room и опуштете се со вашето друштво! 🆓️ Влез слободен! ☎️ Телефонски број за резервации: 078/250-554 📩Потсетник: За полесно и побрзо уживање во Public Room, плаќањето е само со картичка. Па, нека ви биде при рака.
🎙 Стенд ап шоу со Филип Ургенович "Ja sam dete devedesetih" 🗓 26. март, 20ч. 🎫 zlatenzab.mk 📍 Public Room Претставата „Јас сум дете на деведесеттите“ не е трагедија, туку приказна за едно детство и за едно време гледано низ очите на дете. Децата си се деца –сè им е убаво и смешно, во сè уживаат. Децата на деведесеттите со иста леснотија се воодушевуваа и од Game Boy конзолата, но и од сликичка соавтомобилчиња од „Turbo“ гуми за џвакање. Подеднакво ги гледавме „Сплетки“, „Тропска горештина“ , „Твин Пикс“ и „Третиот камен од сонцето“. Оваа претстава е приказна за генерација што сонуваше сто марки, а во јаве имаше сок „Step“; за генерација што сакаше да оди на плажа и да ги види Мич Бјукенон и Си Џеј, но во најдобар случај стигнуваше до Паралија. Отвораме досие Икс, играме вселенски баскет, сонуваме син слон и двесте милиони долари во кеш. Заедно патуваме од циркусот „Суарез“ на Касандра, преку гимназијата „Енџел Гроув“ до Беверли Хилс, читајќи „Хупер, Базар и Практична жена“ и играјќи мрсни фоти со сладолед „Лени. Капри, Рум коктел“ ворака. Не дозволуваме од носталгичните соништа да нè разбуди некоја сирена за воздушна опасност или нешто погласно – на пример правосмукалката „Слобода“ од Чачак. Ако децата на деведесеттите нешто научија – тоа е дека во секое време ќе најдат начин да се снајдат, сè да го свртат на шега и да уживаат во животот. Се гледаме на стенд-ап комедијата „Јас сум дете на деведесеттите“... Да се обидеме да дознаеме какво ли е времето од другата страна на виножитото. А ако никогаш не сте врескале од смеа на случувањата од оваа деценија, полека – вресокот допрва ќе започне! Билетите се во продажба на zlatenzab.mk по цена од 400 денари и 500 денари на ден на настап
Подгответе се за вечер со македонски шлагери, многу танцување и насмевки! Се гледаме овој петок во Public Room! 🕺🎤💃 🎙За супер атмосфера и уживање во најубавите македонски композиции ги имаме Тоше & The Ringtones! 🎫 Набавете си ги вашите билети навреме на tix.mk Со 4 и повеќе купени билети автоматски добивате резервација на барска маса. Ве молиме дојдете најдоцна до 22 часот за да си ја фатите. П.С. Без застој и без ситни пари - во Public Room плаќањето е само со картичка! 💳
🎙Дуци Модернизам и Бојан Кирковски со реприза на новото стенд-ап шоу. 🗓 18. март, 21ч. 📍 Public Room 🎫 Билетите се по цена од 600 денари и се достапни на tix.mk На лагата... 👣 Време е да пуштиме нозе колку што ни е долга чергата. Додуша ноџиња... Македонецот сака да си гласа за Пинокио, но сака и тој самиот да биде Итар Пејо. Битно е да се излаже, прелаже, превари... не е битно кој, кого. Е сеа, веројатно затоа чергава не расте, ама па затоа и ноџињата куси. Носот нека расте и онака го бутаме у секоја манџа
🔥 Уште само 30 билети! 🔥 Не пропуштајте го концертот на Рамбо Амадеус во Public Room закажан за 14. март 🙌🤩 🎶 Во време кога трибјут бендовите стануваат сè попопуларни, црногорскиот музичар во свој препознатлив стил овој концерт го нарече „Трибјут на самиот себе“. 🎫 Набавете ги вашите билети на tix.mk и придружете ни се на вечер полна со музика, хумор и иронија!
🎙 Стенд ап шоу - "Брзо викај полиција" 🗓 12. март, 20:30 часот 🎫 tix.mk Урнебесна комедија со Миле Џандарот и Гиле Гилиптерот, пародија на македонската полицијата која секогаш е подготвена да се справи со идиотите во сообраќајот, лоповите и политичарите, пироманите, сексуалните манијаци, терористите и понекоја краварка од Крива Паланка. Смеа до солзи со неверојатните ситуации кои на сите ќе ви се чинат познати. Се гледаме на нашето поткровје 👋
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 876
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.