Nightlife

StandUp at Public Room

📍 Public Room · Скопје

🗓️ 26.03.2026 · Четврток

⏰ 20:00 — 01:00

🎙 Стенд ап шоу со Филип Ургенович "Ja sam dete devedesetih" 🗓 26. март, 20ч. 🎫 zlatenzab.mk 📍 Public Room Претставата „Јас сум дете на деведесеттите“ не е трагедија, туку приказна за едно детство и за едно време гледано низ очите на дете. Децата си се деца –сè им е убаво и смешно, во сè уживаат. Децата на деведесеттите со иста леснотија се воодушевуваа и од Game Boy конзолата, но и од сликичка соавтомобилчиња од „Turbo“ гуми за џвакање. Подеднакво ги гледавме „Сплетки“, „Тропска горештина“ , „Твин Пикс“ и „Третиот камен од сонцето“. Оваа претстава е приказна за генерација што сонуваше сто марки, а во јаве имаше сок „Step“; за генерација што сакаше да оди на плажа и да ги види Мич Бјукенон и Си Џеј, но во најдобар случај стигнуваше до Паралија. Отвораме досие Икс, играме вселенски баскет, сонуваме син слон и двесте милиони долари во кеш. Заедно патуваме од циркусот „Суарез“ на Касандра, преку гимназијата „Енџел Гроув“ до Беверли Хилс, читајќи „Хупер, Базар и Практична жена“ и играјќи мрсни фоти со сладолед „Лени. Капри, Рум коктел“ ворака. Не дозволуваме од носталгичните соништа да нè разбуди некоја сирена за воздушна опасност или нешто погласно – на пример правосмукалката „Слобода“ од Чачак. Ако децата на деведесеттите нешто научија – тоа е дека во секое време ќе најдат начин да се снајдат, сè да го свртат на шега и да уживаат во животот. Се гледаме на стенд-ап комедијата „Јас сум дете на деведесеттите“... Да се обидеме да дознаеме какво ли е времето од другата страна на виножитото. А ако никогаш не сте врескале од смеа на случувањата од оваа деценија, полека – вресокот допрва ќе започне! Билетите се во продажба на zlatenzab.mk по цена од 400 денари и 500 денари на ден на настап

Artists

StandUp

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟