Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 878
Review: (1 review)
На 6. април ве покануваме на концертот на Добрила и Дориан Дуо во Public Room ✨✨✨ Придружете ни се и оваа вечер од „Светско а наше- саботи на светска музика“ и уживајте во музиката која тие ја изведуваат 😍 Прочитајте повеќе за нив и набавете си ги вашите 🎫 билети онлјан на www.drugastrana.mk/event/dobrila-dorian-duo/ 📷Фотографијата е на Zdenko Petrovski
🎉 Во петок играме и пееме на Македонски шлагери со The Ringtones! ☎️ Бидете брзи и резервирајте за вас и вашето друштво на 078 250 554. 💃💨 🎫 Билетите се по цена од 200ден. и се набавуваат на самиот влез. Се гледаме во 21:30 на поткровје во Public Room! 🪩
Ви го најавуваме првото издание на Battle of the Boybands 💪😊 Dope Kukjata vs. Visionary на 4. април во Public Room 🙌🙌🙌 🎫🎫 Билетите се по цена од 300 ден. и може да се резервираат на 070 317 082 📀Visionary records се млада екипа од Скопски хип-хоп артисти и продуценти кои што се споија во 2021 година. Од тогаш немаат запрено и имаат издадено 7 авторски проекти, како соло артисти и како колаборатори. Нивниот шарм е фактот дека музиката им опфаќа безброј поджанрови и чувства, од спори тажалки до адреналински хитови и се измеѓу. Енергијата и присуството на бина им е заразно и еуфорично, а нивно последно издание им е “ГРРТИЗАМ” од Marz и Jiggy. 📀Доуп Куќата е бој-бенд од неколку индивудуи и двајца емсиња кои се нашле во правото време на правото место. Зад себе имаат оставено околу 10 албуми, неколку лоши девојки и песна со Тупак. За Нова година сите колективно посакаа да настапуваат на Евровизија, затоа Дедо Мраз им поклони талент за заедно да ја направат совршената ХИТ песна.
„Светско а наше- Cаботи на светска музика“ во Јавна соба продолжува со концертот на ВИС Билјана на 30. март! 🎻 Придружете ни се заедно да уживаме во музиката на овој Ансамбл кој со години ја зачувува, изведува и презентира културната традиција на Охрид и Македонија🇲🇰 Oнлајн билети и повеќе информации за ВИС Билјана може да најдете на линкот: www.drugastrana.mk/event/vis-biljana/ Се гледаме на 30. март од 21 часот️ 💛
Ви најавуваме уште еден концерт во Public Room овој месец! 🙌 На 21. март ве покануваме на СЕРВУС, најновиот музички проект на Јордан Костов во кој членуваат : Ива Дамјановски – клавијатури / теремин/ вокал Ник Де Карло – туба и алтфлигерхорн Кети Танчева – теремин Драган Теодосиев – тапани Јордан Костов – хармоника , вокал 🎫 Билетите се по цена од 400ден. и може да ги набавите на www.drugastrana.mk/event/servus/ Се гледаме на нашето поткровје, во 9 🫶🥁
На 18ти март, ве покануваме на дневна доза смеа на нашето поткровје! Повторна дружба со Тино, Атанас и Стефан Николовски 🤵🤵🤵 🎫 Билетите се по цена од 400ден. и истите може да ги резервирате на ☎️ 078 370 417 Се гледаме во понеделник во 21 часот 👋
Придружете ни се и оваа сабота на петтиот настан од „Светско на наше - World music Saturday" во Јавна Соба со Аfro Gitano со Тони Китановски и Гоце САФ! 🎧️ 🙌 🎶 Проектот Аfro Gitano е соработка помеѓу Тони Китановски и Крик Малу Малу од Киншаса, Конго. Afro Gitano на композиторско ниво е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка. Оваа оригинална музика е снимена на три континенти во пет земји - Конго, Канада, Франција, Австрија и Македонија. Отворениот концепт овозможува истражувања со други музички стилови, како во случајот со диџеј Гоце и хип хоп жанрот. 🎫️ Билетите може да се набават на следниот линк: www.drugastrana.mk/event/svetskoanase-afro-gitano/ Побрзајте!😊
🎉 Во петок играме и пееме на Македонски шлагери со The Ringtones! ☎️ Бидете брзи и резервирајте за вас и вашето друштво на 078 250 554. 💃💨 🎫 Билетите се по цена од 200ден. и се набавуваат на самиот влез. Се гледаме во 21:30 на поткровје во Public Room! 🪩
Во месец март ве покануваме на уште еден одличен концерт во Public Room 🎙️🎙️🎙️ На 14-ти, четврток од 21 часот ќе ги слушаме Cruel ft. Red 18 🙌🙌🙌 Cruel е алтернативен рок бенд од Скопје, кој во 2019 год се реоформи токму во Јавна соба за првото изданиe на фестивалот Андерфест. Оттогаш креира свежа македонска рокенрол музика со примеси на гранџ, пост панк, инди. Во 2022 го издадоа албумот "Подобар свет" и на публиката им се претставија со сингловите "Ова сум јас" и "Се ќе помине". Подготвуваат нов материјал, кој за прв пат ќе биде претставен во живо на oвој концерт 🎸🎸🎸 Red18 се бенд од Скопје кои кон крајот на 2022 год самостојно го издададоа деби албумот "Red18's Grit" и со тоа веднаш станаа актуелни кај помладите генерации. Главниот концепт на беднот е експериментирање со алтернативни жанрови и премногу енергија на бина. Нивната нова песна "Единствен" моментално е на сите радио топ-листи, а издавањето на ЕП "Игра" е во тек. 🎫Билетите се по цена од 200 ден. и веќе може да се набават онлјан на www.drugastrana.mk/event/cruel/https://drugastrana.mk/event/cruel/ Билетите на влез ќе чинат 250 ден. Се гледаме во Public Room 🗓
Марјан Ѓоргиевски со стенд-ап во Public Room нa 12. март!🎙  Бидете брзи и направете си резервација на телефонскиот број 070 317 082. 🎫Билетите се по цена од 350 ден. и се набавуваат на самиот влез.
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 878
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.