Ви го најавуваме првото издание на Battle of the Boybands 💪😊 Dope Kukjata vs. Visionary на 4. април во Public Room 🙌🙌🙌 🎫🎫 Билетите се по цена од 300 ден. и може да се резервираат на 070 317 082 📀Visionary records се млада екипа од Скопски хип-хоп артисти и продуценти кои што се споија во 2021 година. Од тогаш немаат запрено и имаат издадено 7 авторски проекти, како соло артисти и како колаборатори. Нивниот шарм е фактот дека музиката им опфаќа безброј поджанрови и чувства, од спори тажалки до адреналински хитови и се измеѓу. Енергијата и присуството на бина им е заразно и еуфорично, а нивно последно издание им е “ГРРТИЗАМ” од Marz и Jiggy. 📀Доуп Куќата е бој-бенд од неколку индивудуи и двајца емсиња кои се нашле во правото време на правото место. Зад себе имаат оставено околу 10 албуми, неколку лоши девојки и песна со Тупак. За Нова година сите колективно посакаа да настапуваат на Евровизија, затоа Дедо Мраз им поклони талент за заедно да ја направат совршената ХИТ песна.