Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 877
Review: (1 review)
Стенд ап шоу со Бојан Кирковски во Јавна Соба! 🤩 🗓 18. септември, 21 часот 🎫 Билети во претпродажба по цена од 500 денари на www.drugastrana.mk ❗️Шоуто е за лица со возраст над 18 години! Оросен како утринска роза, испечен како селски колбас. 🤩Нежниот маж Бојан Кирковски, овојпат изгорен да направи свое соло стенд ап шоу! Родум скопјанец, Бојан Кирковски е дел од ансамблот на "Театарот за деца и младинци" како и независниот театар „Артопиа“, каде игра во наградувани претстави и гостувања во регионот. 🎭 😅 Ама да не се лажеме, најпознат е по тоа што е, смешен. Да дојдеме, да не се зезаме. Да ја сфатиме оваа работа многу сериозно! Како и тој.
🎙ФОЛТИН повторно во Public Room на 12. септември! Настапуваат: Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника; Бранислав Николов – гласни и други жици; Пеце Трајковски – Брада – дирки, гитара, перкусии; Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани 🎫 Билетите се по цена од 500 ден. и можете да ги набавите продажната мрежа на drugastrana.mk Се гледаме на концерт! 🕺
Овој четврток имаме уште еден фантастичен концерт во Public Room! ✨🎙 🎼️🎶 Stefanijazz претставува уникатен музички израз што ја спојува авторската чувствителност на вокалистката Стефанија Милевска Враниќ со богатството на џезот. Концертната програма вклучува оригинален спој на неколку музички правци од нејзините најистакнати композиции, преточени во џез, џез-рок и босанова аранжмани, како и нови интерпретации на класични џез стандарди. Со современ, но топол пристап, проектот се стреми да го доближи џезот до пошироката публика, негувајќи културна едукација, автентичност и жанровска отвореност. Со префинет баланс помеѓу нежност и енергија, Stefanijazz нуди доживување кое допира и инспирира! Овој концерт е замислен како интимно музичко патување кое нуди нов пристап кон сценската џез-изведба. Создаден е по повод 10 години музичка продукција Welcome to Stefanija's Music World. Настапуваат: 👉 Стефанија Милевска Враниќ – вокал 👉 Владимир Враниќ – гитара 👉 Владимир Николиќ – труба 👉 Ристо Крстевски – клавијатура 👉 Зоки Паркет – контрабас и бас 👉 Павел Талевски – тапани 👉 Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали 👉 Специјална гостинка: Мијата! ⭐ 🕤 Почеток - 21 часот. 🎫 Билетите се достапни на www.drugastrna.mk Се гледаме на 4. септември! 🎷🎷🎷
📣 Оваа среда во Publlic Room ни гостува тенорот саксофонистот и композитор од Марибор - Блаж Шваган со својот квартет! 🎷 На овој концерт со слободен влез Шваган ќе ни го претстави својот најнов албум насловен Absolute Candor, продукциран и снимен во септември 2024 година во Њујорк. Стилски, неговата музиката може да се опише како модерен џез, кој се инспирира од дет металот и научната фантастика. Има неколку моменти со висока енергија, но во исто време дозволува многу простор, со добра количина на смиреност. 🥰 Со него настапуваат: Арсеније Крстиќ од Србија на пијано, Тјан Шоштарич од Австрија на контрабас, и Матеус Жардим од Бразил на тапани. Се гледаме на 27.08, среда, од 21 часот. 🫶 ☎️ Телефонски број за резервации 078 250 554
🎶 За љубителите на класичниот џез звук и оние кои ги сакаат ритмичко-мелодиските експерименти – го најавуваме концертот на Tomi Purich BalkanJazz Group на 23 август во Public Room! 🎹 Во форма на класично џез трио – пијано, контрабас и тапани – со женски вокал, групата нуди уникатна мешавина од балкански, ориентални и истрски мелодии, но со вистински џез јазик и слободна импровизација! ✨ Настапуваат: Tomi Purich – тапани Tilen Beigot – пијано Jani Hace – контрабас Teja Saksida – вокал ☎ 📩 Резервирајте навреме на 078 250 554 или во ДМ и уживајте во нивната музика што спојува култури и носи нова енергија! 💫 Влезот на концертот е слободен! 🙌
📣 Ви најавуваме една вечер со омилените стихови и Ringtones, овој пат на зелената тераса во Public Room! 🌿 Придужете ни се со друштвото на летните македонски шлагери следниот петок, 25. јули. 🪩 🎫 Билети во претпродажба на: www.drugastrana.mk *Со 3 или повеќе купени билети автоматски имате и резервирана барска маса на име на купувачот. Се гледамеeee! 😎
Иако најавивме дека е толку, продолжуваме со „вожња“!🏎️ Патеката е позната, пит-стоп подготвен, возачите во пол позиција😁 Дали светот има место за нежни мажи? Дали љубовта ќе победи? Има ли Велестово простор за машки поетски фестивал? По најуспешната жена, ќе добиеме ли и најуспешен маж, градоначалник? Се гледаме на Нежни мажи на зелената тераса во Public Room на 24.јули, четврток 🗓️ Настапуваат: 🏅Душан Петровски Дуци а.к.а. Модернизам и ренесанса 🏅Антонио Ташковски а.к.а. 1Човек 🏅Бојан Кирковски а.к.а. Бојан Кирковски 🎫Билети како и досега на www.drugastrana.mk
🎙 Дани Димитровска повторно во Public Room на 12. јули, сабота! 💃 Придружете ни се на зелената тераса и уживајте во нејзините најголеми хитови, уште многу други убави македонски стихови и некои за неа (а веруваме и за многумина од вас) омилени песни! 🥰 🆓️ Влезот за концертот е СЛОБОДЕН 🆓️ ☎️ Резервирајте на 078 250 554 или во DM 📩
🤩 “Нежни мажи” повторно во Public Room со стенд-ап шоу на 25. јуни на нашата зелена тераса! 🌿 🎫 Бидете брзи и набавете си ги вашите билети на продажната мрежа на drugastrana.mk Настапуваат: 🎙Душан Петровски Дуци а.к.а. Модернизам и ренесанса 🎙Антонио Ташковски а.к.а. 1Човек 🎙Бојан Кирковски а.к.а. Бојан Кирковски Се гледаме на 25. јуни во 21.00 часот 😉️️ @1covek @modernizam.i.renesansa @bojan.kirkovski 📷 & design credit @cattgthr
📣 Фронтменот на една од најкултните југословенски рок групи на 20. јуни во Public Room! Придружете ни се и вие на концертот на Неша Галија и дозволете си незаборавна вечер уживајќи во „Digni ruku“, „Još uvek sanjam (Najlepši san)“, „Stare trube“, „Kotor“ и уште многу други! 🎟 Билети во претпродажба: drugastrana.mk ⏳ Побрзајте, бројот е ограничен!
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 877
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.