📣 Оваа среда во Publlic Room ни гостува тенорот саксофонистот и композитор од Марибор - Блаж Шваган со својот квартет! 🎷 На овој концерт со слободен влез Шваган ќе ни го претстави својот најнов албум насловен Absolute Candor, продукциран и снимен во септември 2024 година во Њујорк. Стилски, неговата музиката може да се опише како модерен џез, кој се инспирира од дет металот и научната фантастика. Има неколку моменти со висока енергија, но во исто време дозволува многу простор, со добра количина на смиреност. 🥰 Со него настапуваат: Арсеније Крстиќ од Србија на пијано, Тјан Шоштарич од Австрија на контрабас, и Матеус Жардим од Бразил на тапани. Се гледаме на 27.08, среда, од 21 часот. 🫶 ☎️ Телефонски број за резервации 078 250 554