Mladinski Kulturen Centar (MKC)

0 followers

Information

Младински културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“. Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, ку...


15 MK, Dimitar Vlahov Walk 1000, Skopje 1000

mkc_skopje

mkc.mkd

+38923115225

Type: Art

Viewed: 21

Review: (0 reviews)

No future events.

06 Apr 21:00
Finished
ден0.00

Start: 6 April, 21:00

Artists: Bajaga

09 Dec 20:00
Finished
ден300.00

Start: 9 December, 20:00

Artists: Live DJ

Mladinski Kulturen Centar (MKC)
almost 2 years ago

Една од најголемите концертни атракции во регионот – балканската панк фолк велнес група БРКОВИ, настапува во МКЦ Скопје – 06 октомври 2023!

Не е шега, линкот за билети е тука! https://bileti.mkc.mk/

🏏На овој концерт, БРКОВИ ќе го промовираат својот нов албум “Krvava novčanica” од која ќе изведат неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење!
Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено 8 студиски албуми.
Нивните видео спотови имаат неколку милионски прегледи (ами како).
Во претходните неколку години, #БРКОВИпрераснаа во едни од најактивните бендови со концерти ширум републиката, а бележат и неколку настапи во Европа, Велика Британија и Канада.
Интересен е и фактот што на БРКОВИ минатата година им се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин “Guitar World” е прогласен за светски #гитарист на годината во 2020 година.

06 Oct 21:00
Finished
ден600.00

Start: 6 October, 21:00

Artists: Brkovi

Information

Младински културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“. Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности на младите. Со богата програма, опфат на сите културни изрази (музика, филм, театар, литература…), научна дејност, работилници и предавања, дебати и дебатни клубови, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки битна позиција во животот на младите во градот Скопје, но и во целата република. Преименуван во Младински културен центар на почетокот на 90-тите, со добивањето на самостојност на Република Северна Македонија, Домот останува на истиот курс – промоција и презентација на културните вредности, но истовремено и најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите. Единствената цел на МКЦ е да продуцира, стимулира и промовира современи културни настани и дела од различни домашни и меѓународни креатори, но и да го поттикне создавањето врски помеѓу нив. Покрај сопствената годишна програма, која вклучува повеќе од 200 настани (изложби, театарски претстави, промоции, работилници, концерти, дебати, како и филмски проекции), МКЦ работи и како сервис на многубројни невладини организации и индивидуални уметници од сферата. Покрај засебните настани, МКЦ стои зад организацијата, планирањето и комплетната реализација на три меѓународни фестивали и манифестации – Меѓународниот театарски фестивал МОТ, Фестивалот на европски филм CINEDAYS, како и Фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ. Денес ЈУ МКЦ Скопје е установа од културата под јурисдикција на Град Скопје и голем дел од програмите се реализираат преку средствата од буџетот на Град Скопје, Министерството за култура на РСМ, но голем дел од своите програмски активности установата ги реализира и преку сопствени средства, приватни спонзорства, донации, како и средства од разни европски фондови.


Viewed: 21

Contact Information

15 MK, Dimitar Vlahov Walk 1000, Skopje 1000

+38923115225

Type: Art

Review: (0 reviews)

Leave Review
Reviews

Viewed: 21

Review: (0 reviews)

More
Photos

No Photos.

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟