Една од најголемите концертни атракции во регионот – балканската панк фолк велнес група БРКОВИ, настапува во МКЦ Скопје – 06 октомври 2023!
Не е шега, линкот за билети е тука! https://bileti.mkc.mk/
🏏На овој концерт, БРКОВИ ќе го промовираат својот нов албум “Krvava novčanica” од која ќе изведат неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење!
Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено 8 студиски албуми.
Нивните видео спотови имаат неколку милионски прегледи (ами како).
Во претходните неколку години,
#БРКОВИпрераснаа во едни од најактивните бендови со концерти ширум републиката, а бележат и неколку настапи во Европа, Велика Британија и Канада.
Интересен е и фактот што на БРКОВИ минатата година им се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин “Guitar World” е прогласен за светски
#гитарист на годината во 2020 година.