Nightlife

Настани

погледнете и некои од останатите настани

Nightlife

Претстава at Public Room

📍 Public Room · Скопје

🗓️ 30.04.2024 · Вторник

⏰ 21:00 — 02:00

🎟️ ден.350

На 30. април во Public Room ве покануваме на скопската премиера на монодрамата „Железно небо“ на Марјан Георгиевски 🎭🗓 🎫Билетите се по цена од 350 ден и може да се резервираат на 070/317-082 ℹ️Оваа претстава стилски претставува филм на сцената. Ако сакате да го погледнете животот на еден човек од нашите краишта како му се “зацрнува” животот тоа утро кога го заборава уесбето, се враќа дома и неговата сопруга ја “ начекува” со студентот во спалната соба и од овде почнува се и се руши се... “Железно небо” е приказна за сето тоа што на секој балканец на плеќи секојдневно му тежи, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид - како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце. За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења? Пред недела дена мислев дека имам совршен живот а денес сакам да си излезам од кожата! Авторски проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски го создаваат овој “cinema theatre” користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот го создаваат овој театарски моноспектакл. Игра: Марјан Георгиевски Гласови: Јасмина Василева Марко Богдановски Марија Стефановска Невена Ѓаковска Дизајн на звук и музика: Александар Димовски
Резервирај Website

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟