Nightlife

Настани

погледнете и некои од останатите настани

Nightlife

Live Concert at Public Room

📍 Public Room · Скопје

🗓️ 19.06.2026 · Петок

⏰ 21:00 — 02:00

Концерт на ROUZI + Radar Crew во Public Room на 19.јуни 🙌 👊 ROUZI е еден од најбрзо растечките изведувачи од Белград – рапер, пејач и перформер кој се издвојува со својот автентичен звук. Во неговата музика се преплетуваат trap, UK garage, балкански drum & bass и современ rap, создавајќи препознатлив стил што лесно допира до поширока публика. Со над 200.000 месечни слушатели и милионски прегледи на YouTube, Rouzi за кратко време изгради силна фан база и се позиционира како едно од најперспективните имиња на балканската сцена. Неговите песни носат спој на енергија и емоција – моќни битови и заразни рефрени што функционираат и во клуб и на стриминг платформи. По успехот на „Iza mene“ (2020), следуваа хитови како „Malo tiše“ (со Jowam) и „Jao mama“ (со Cobi), чија актуелност надмина 20 милиони прегледи. Со специфичен вокал, сè поголема публика и силно онлајн присуство, Rouzi е подготвен за следниот чекор – освојување на регионалната и интернационалната сцена. Бендот го сочинуваат: Дамјан Неделков (Proto tip) Павле Петровиќ (Vizelj) Андреј Младеновиќ (Turbo Trans Turisti) Никола Бугарчиќ Алекса Ранчиќ Иван Нешиќ Милица Добриќ 🎟️ Билети на tix.mk ⌚ Почеток 21 часот. 💳 Потсетник: Во Public Room плаќањето е само со картичка. Па, нека ви биде при рака. Се гледаме на 50-та Дивизија бр.22!

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟