Запознајте ги музичарите кои се дел од TRANSMIssION! 🥁 👉 Ова е Александар Петров, перкусионист и композитор. Неговиот омилен инструмент е тапанот, со кој уште од најрана возраст го држи ритамот во фолклорните оркестри. По завршувањето на музичкото средно училиште во Македонија, ги продолжува студиите по класични ударни инструменти во Париз, на CNR. Сосема природно одлучува да го внесе тапанот во нови контексти, соработувајќи со музичари од џез, world music, современ танц и импровизирана музика. Соочен со овој богат свет, тој продолжува да го развива својот многу личен и специфичен стил на свирење на тапан. По Париз, неговата нова дестинација станува Њујорк – вистинско „гнездо“ на џезот и музичката слобода на највисоко ниво. Тој бил уметнички директор и еден од креаторите на џез клубот WHYNOT JAZZ ROOM во Менхетен во 2013 година. Во периодот 2013–2015, WHYNOT JAZZ ROOM станува место каде настапуваат многу врвни музичари како Есперанца Сполдинг, Џорџ Гарзон, Вилијам Паркер, Тео Крокер, Џо Ловано, Ди Ди Бриџвотер, Лео Геновезе... со дури 70 концерти месечно! ✨ На музичкото патување наречено TRANSMIssION тапанот ги спојува старите традиции со новото време, комбинирајќи сурова акустика со модерна електроника! Ќе настапaт: Александар Петров- тапан, перкусии; Тања Царовска- вокал; Симеон Петров - клавијатури, труба; Филип Динев - гитара, ефекти; Ленна (ФР)- луп, ефекти. 🗓️ 12. јуни, 21 часот, Public Room 🎟️ Билетите се достапни на
tix.mk