Бидете дел од уште еден диско-фанк четврток со Кали Камелеон на летната тераса во Public Room ✨🕺 Настапуваат: Кали - вокал Филипче Димишковски - клавијатури Предраг Икономовски Педо - гитара Дарко Мучев Мучо - бас гитара Бодин Попов - тапани Влезот е слободен 🙌 Започнуваме во 21 часот ⌚ Доколку сакате да си направите резервација побарајте нѐ на 078 250 554 🍸 💳 Мал потсетник: Во Public Room плаќањето се врши исклучиво со картичка. Па, нека ви биде при рака 😉 🎼 "Кали Камелеон" е музички концепт на Калина Велковска Кали, на "живи свирки" кој е директно инспириран од нејзиниот претходен проект наречен "Kaly's music challenge" и дава едно шаренолико звучно искуство преку широката лепеза на музички имиња кои земаат учество и го бојат секој настап со нивниот личен сензибилитет, изведувајќи светски и домашни хитови и со тоа секoја недела се добива производ кој постојано ја менува звучната слика.