🗓️ На 22. август придржете ни се на Jazz Extravaganza во Public Room и уживајте во настапот на: Џијан Емин — клавијатури, Георги Шарески — гитара, Оливер Јосифовски — контрабас, Александар Петров — тапани. Jazz Extravaganza е средба на четворица исклучителни македонски музичари, обединети од речиси 25 години заедничко музичко искуство, безброј проекти и настапи, и страста кон слободата на импровизацијата. Нивната музика е авторска, жива и непредвидлива — спој на композирани теми, импровизација и постојана интеракција меѓу музичарите. Jazz Extravaganza е музика што се создава во моментот — автентична, возбудлива и секогаш различна. Четворица музичари. Една сцена. Безброј можности. Билети во претпродажба на tix.mk