Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 189
Review: (0 reviews)
Другари и другарки, повторно е тој ден од годината во кој тројца пензионирани шанкери, а воедно и пијаници решаваат да се вратат позади шанк, да се потсетат на шанкерските денови и да поработат малце на големо задоволство на публиката Бидејќи на времето кога работеле коктел беше мисловна именка, цртање кафе не постоеше, а топло чоколадо ни на јутјуб немаше, заборавете дека ќе може да добиете некоја шарена пијачка ко на сликата и фокусирајте се на пиво, вино, уиски, водка, џин и нормално шатови за шанкерите, пошо мора да се подмачка убаво таа стара машинерија за да проработи :))) За музичкиот избор ќе биде задолжена другарката @anii.5 Кажавме шо имаме да кажеме, останува уште да ве поканиме да дојдете да се дружиме, да се посмееме и нормално да се опиеме, пошо трезни не работиме. Живели :)
Другари и другарки, Да не речете дека сме тапа и не мрзи да смислуваме евенти, спремивме една опасна декемвриска агенда исполнета со пијанки и игранки, па да си ги фатиме најавите со ред. Во петоците под мотото Friday I'm In Love, ќе шириме љубов и разбирање, нормално зачинети со добра музика и многу уиски од сортата Џејмисон. Во саботите под мотото Треска во саботната вечер исто така ќе шириме љубов и разбирање, но со алкохол од сортата разно. :) Повеќе детали во некои наредни постови, а сега лејдис енд џентлмен најавите за овој викенд: - Friday i'm in love - волшебна игранка со другарот диџеј, продуцент и мешаписта @t.gameover и другарите од Џејмисон. 🥃 - Saturday night fever - безобразно добри музики во изведба на другарот диџеј @milan.serafimov и другарите од Танкерај кои иако не е Нова година ќе дојдат на лице место да поделат симпатични поклончиња за сите добри луѓе кои ќе пијат џинчиња или џин/тоничиња од сортата Танкерај. 🍹 И двете игранки/пијанки стартуваат во 21.30ч. Нормално на кој му се пие секогаш е добредојден и порано. Ве очекуваме. 🤘
Другари и другарки, Некои може знаат, повеќето сигурно не ама факт е дека главните членови на ЦК на Синдикат се родени во Југославија и најголемиот дел од своето детство, вклучувајќи и ран пубертет го поминале тука. Тоа значи дека станале пионери, го поштуеле Тито, јаделе ќутек со дрвена лажица и поминале низ разни видови казнено поправни мерки од кои искочиле вакви ко шо се денес, добри луѓе... ма ку*ац добри - одлични. 😁 И не само тоа, туку имале можност да слушаат ретко добра поп/рок музика од една феноменална сцена пред да се распадне се и да завладеат некои несфатено лоши музички текови. Да не должиме многу, ние поносталгичните секоја година и натаму се собираме на 29-ти Ноември во нашиот респектабилен естаблишмент, пиеме и си ги слушаме најдобрите песни од нашата младост, не облеваат емоции и со суза у око и грутка у грло се потсеќаме на едни други времиња. Додека не се расплакал авторот на оваа објава, изволте сите у Синдикат во среда, од 20.30ч па на даље и у будуче. Музички избор, другарот @jankonen Љуби вас Синди. 🍻🥃🤘🎼✊
Другари и другарки, У задње време не праиме често настани ама коа праиме тогаш тоа е фешта од среда до сабота, а редоследот е следен: - Среда - Уиски најт со другарката @anii.5 - Четврток - Гордион Амбер коктели подготвени од другарот @sbblade23 зачинети со добра музика од другарот @vaskonetkovski ака Васо. - Петок - Брк најт аут, карирана Мовемберска журка за сите добри другари и другарки поддржувачи на машкото здравје и пијаници. Со музика ќе не почасти другарот @passngr - Сабота - другарите и другарките од 091RUNCrW решија да напраат безобразно добра журка по повод нивниот роденден и сите сме поканети. За музичкиот избор ќе биде одговорен неофицијалниот член на дружината со убедливо најмалку истрчани километри и убедливо најмногу литри алкохол испиени - другарот @jankonen Со повеќе информации ќе се јавиме следната недела. За вашиот омилен социјален медиум, директно од Синдикат: Сијка Пиштолова. 😆 Живели 🍻😁
Другари и другарки, Додека другарот @mmvilic го подготвува саботниот музички со цел забавување на младите, па и постарите гости, тимот на Синидикат е поделен во своите обврски: Едни читаат упатство кај се гаси харпот и кај се пушта сонце, други истражуваат древни индијански обичаи и танци за растерување на дождовни облаци, а трети се занимаваат со средновековни методи како набивање на колец и спалување на клада... изглеа овие последниве ќе ги избегнеме како многу радикални за нашиот мирољубив табиет. 😁 Сепак врнело, не врнело, на крај решивме дека ништо не ни мења во намерата да се собереме во нашиот мал естаблишмент, да уживаме во добра музика и да се убиеме од алкохол... фигуративно кажано. Се гледаме на шанк од 21.30 па на даље. 🤘
Другари и другарки од уискаџиска вероисповест, Што викате да се собереме ние во среда да испиеме уште една тура Tullamore Dew? Исто така прв пат сезонава го селиме диџеј пултот во внатрешниот дел и другарот @jankonen ќе има прилика да пушти некоја музика и да провери дали е се поврзано како што треба :) Старт: начелно 20ч, технички кој кога сака. 🥃🤘
Балада за Халовин Тивка октомвриска квечерина, по улиците низ градот нема жива душа Страшна журка во Синди се спрема во Дебар маало некаде, врисок се слуша Студен ветер вие, жолти лисја носи темно е, но гледам нешто бледо свети дојдов, што да видам: маски, костури и вештерки, гласна музика и летаат салфети Блади Мери и мозок се пие, терасата преполна, галама, ситен дождец лие „Дечки дајте малце потивко“ комшијата не може да спие Дојде утро, главата тешка Гледам до мене некој се смешка Станувам тивко и бегам низ врата Јебо те Халовин, се напраив салата Оваа балада полека го губи својот сјај, а ти дечко, девојко едно знај, не дојдеш ли во вторник во Синди помеѓу нас ќе биде крај. Непознат автор дојдете да видиме кои сме, да се преброиме
Другари и другарки, Ви текнува на прашањето: кога последен пат сте направиле нешто за прв пат? Е па нас ни текна ама за жал не ни текнуеше коа последен пат сме направиле нешто за прв пат и ете така некако спонтано решивме да излеземе од комфорна зона и за прв пат да го викнеме другарот @mmvilic да не нагости со одлична музика. 🤘😁 Старт 21.30ч Живели 🍻
Другари и другарки, Доколку сте внимавале на часовите по историја, сигурно знаете дека на 11 Октомври 1941 година, пукнале првите пушки во Прилеп и Куманово, со што бил означен почетокот на народноослободителната борба во Македонија. Она што не пишува во учебниците по историја е фактот дека една од главните придобивки од тој ден е прогласувањето на 11 Октомври за неработен ден, со што се создава одлична можност на раат да се собереме на 10ти и да се изнапиеме ко луѓе, пошо не мора да стануваме за на работа. Да не биде дека само пиење не интересира, го викнавме другарот @naumoskivica_rubik да знаете дека сакаме и добра музика. Сакаме и други работи ама не е тоа тема на денешниот пост. :) Старт 21.30ч 🍻✊🎼
Другари и другарки, Тазе Вести: Денеска за некој е Бела ноќ и ќе лумпува до сабајле. Други во парк слават роденден на Хајнекен и ќе се журкаат цел ден. Зоолошка слави 97 години од постоење и таму ќе има ЗОО фест. Најдовме на нет и уше неколку евенти што ќе се одржуваат денес ама ај да не го претвориме постов во билтен на настани. Она што у ствари сакаме да кажеме е дека за нас е обична сабота во која се договоривме со другарот @simon_painltd да ни пушти безобразно добар рокенрол, пошто одамна не сме слушале. За пиење имаме се, така да кој сака да избегне од денешниот хаос на настани, добредојден е во нашиот мал естаблишмент. п.с. За да нема забуни, работиме до 1, за да бидеме свежи за скопскиот маратон на кој и оваа година, како и сите претходни, нема да трчаме. Живели 🤘🍻😁
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 189
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.