Другари и другарки, со мало каснење али и со нескриен ентузијазам, би сакале да го најавиме роденденскиот викенд на нашиот мал естаблишмент, нагалено наречен Синди. :) Викендов Синди ќе полни 9 (со букви: девет) години. Да идеше у школо по стара програма, ќе беше трето одделение, а по нова ќе немаше учебници. Да се бавеше со спорт ќе беше фудбалер... центарфор нешо као Дарко Панчев. Затоа и тренерскиот тим на Синдикат реши тактичката поставеност да биде таква да одиграме јако, отворено и напаѓачки и со многу алкохол, пардон голови :) - Петок, загревање - лесни припреми кои почнуваат после работа со другарите од Малфи и @jes_pasta зачинето со музички избор од другарот @jankonen. Кога мракот ќе ги покрие дебармаалските улици, се палат рефлекторите и на сцена стапува другарот @djchvare играме 4-4-2 до крај. За сите фудбалски фанови ќе има и станица за точен Хајнекен, нешо као Лига Шампиона а у. - Сабота, главна утакмица(читај роденден) - припремите завршија и стартува главниот натпревар во терминот од 20ч. На теренот истрчуваат другарите @d0uble_g и @djgoce и се бориме за титула. Тактичката поставеност опфаќа безобразно добра музика со многу алкохол и само весело. 🤘🙃 Овој роденден ќе поминеме без бургери ама затоа имаме друг план. Во соработка со другарката @bibiribi направивме ограничен број специјални роденденски маици кои ќе се продаваат викендов, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели... да не речете дека само пиеме. Се гледаме викендов. Љуби вас Синди 🥰