Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 189
Review: (0 reviews)
Другари и другарки, Неодамнешното истражување на Советот на Вселената покажа дека Македонија од планетата Земја, е држава со најмногу продужени викенди во познатиот, а богами и непознатиот универзум. Тоа за нас меанџиите и не е толку лошо, пошо можеме да си напраиме симпатична тродневна програма исполнета со многу добри музики, малце шизење (без претеруење) и да испиеме хектолитри алкохол. Ако не се разбегате пак по планини, езера и мориња дојдете да другаруваме, шо има везе. :) Еве го и распоредот, па бујрум кој кога сака: - Петок - другарот @lephonq_dj - Сабота - другарот @asavic6 - Недела - другарот @jankonen Резервации нема, ама затоа има од тој малиот Хајнекен, 18 видови џин, 50 уискија и пешес водки, две три текили итн итн... Се гледаме и живели 🍻🥃🍹🤘
Другари и другарки, Некако во последно време петоците ни се погодија исполнети со музичко алкохолни активности до тој степен да монтираме и помошно шанкче на кое стално има некој јунак што спрема специјални пијачки. Овој петок е резервиран за дружба со Аперол, а спешл гест бармен ќе биде другарот @kepkee За музичкиот избор ќе биде задолжен другарот @smilevski.saso.shark во диџејските кругови познат само како Шарк, кој за оваа прилика ќе ги извади од нафталин старите хаус цедиња, за да видиме некоја корист и од нашите сидиџеи, а не само да стојат за собирање прашина. :) Старт 21ч 🤘
Другари и другарки, Ние решивме дека не се предаваме на жешково време и во петок договоривме една послеработна дружба со Хендрикс. Приказната ја знаете ама пошо ве фативме дека слабо читате, а и повторувањето е мајка на знаењето, ќе објасниме уште еднаш како стојат работите: Завршувате со работа и улетувате во некој од нашите фини естаблишменти, каде што ве чекаме ние спремни со посебно шанкче и наоружани со неколку варијанти на Хендрикс (обичен, Нептуниа, Флора Адора и уште некој нов што не го запамтивме), краставици, зачини, тоници во разни бои и Томас Хенри тоници со разни вкусови. Ви даваме едно картонче, вие штиклирате тоа што сакате, ни го враќате и ние ви го спремаме џинот според вашиот рецепт, пошо сме фини и лепо васпитани. 😊 Вие уживате во пијачката што сами сте си ја одбрале и го повторуваме процесот неколку пати и така фино лепо додека не испиеме се и не си поминеме најбоље у свет. Околу 21.30ч по средноевропско време ќе ни се придружи и другарот @icebergledeni со музика за пиење џин и така возиме до крај :) @spiritsmoments.mk @sindikalnakultura
Другари и другари, Прогнозата за овој викенд е одлична музика, без поголеми потреси, зачинета со многу алкохол, ѕенѕање, троа муабет смеење и други видови позитивни вибрации. Редоследот на музичко танцувачките изведувачи е следен: - Петок 26.07 - @bobo_meuna помеѓу народот познат како Господинот Б - Сабота 27.07 -@mmvilic помеѓу народот познат како Марко Вилиќ. Старт 21.30ч
Сињорас и сењорес, По повод големиот свеЦки празник посветен на текилата оваа среда ќе одмориме од пиење уиски и ќе може да го проследиме дуелот помеѓу Батанга и Палома - дос муј буенос коктелес кон текила, каброн! Оние кои не покажуваат особен интерес кон коктели, може слободно да се фрлат на пиење шотови текила, да го испоштуеме денот ко шо треба. :) За музичкиот дел ќе се погрижи нашиот многу почитуван и измачен лаптоп, кој не престанува да изненадува со своите перформанси. Почнавме ко на икона пари да му оставаме, ама за тоа во друга прилика... :) Мучос грациас.
Другари и другарки, Пошо сме нешо мрзливи у задње време, еве кратка најава за една симпатична викенд агенда која ќе помине во знакот на џинот, со подзнак тоник и одличен музички избор во месечина ☺️ - Петок, 07 Јуни - Другарот @lephonq_dj со неговиот музички бутик. Старт 21.30ч - Сабота 08 Јуни - Другарот @kociskimarko помеѓу народот познат и како М.И.К (не МИК Свети Николе) ќе го означи крајот на школската година и почетокот на долго топло лето исполнето со многу алкохол. Се гледаме 🖖 @sindikalnakultura
Другари и другарки, За Велики петок во храмот на синдикалците, литургија ќе држи епископот дебармаалски г.г. Марко Вилиќ, кој за оваа пригода се спремаше 48 дена во својата одаја, при тоа преслушувајќи и правејќи селекција од најдобрите поп музики, само за овој голем ден. Почетокот на литургијата е закажан за 21.30ч, а како и другите велики денови причестувањето ќе беше било направено со светиот алкохол. Во името на добрата забава, одличната музика и светиот алкохол Живели. 🍻 @mmvilic @sindikalnakultura
Другари и другарки, Традиционално, во духот на доброто расположените и позитивната енергија започнуваме со Велигденските литургии во храмовите на синдикалците и синдикалната култура. Првата литургија ќе ја одржи г.г. другарот архиепископ центарски г.г. Васо, тазе вратен од аџилакот во Австрија и Германија и наоружан со премиум поп музики. 🤘 Литургијата започнува во 21.30ч по средноевропско време, а покрај поп музика присутните ќе имаат можност да се причестат и со светиот алкохол. 🍻🥃 Во името на добрата забава, одличната музика и светиот алкохол Живели. 🍻 @vaskonetkovski @sindikalnakultura
Другари и другарки, Милан Тарот вика дека денес послеработно накај целовечерно во нашите скромни естаблишменти помеѓу народот познати како Синдикат и СК.02 (@sindikalnakultura) ќе се праело, а богами и пиело Негрони. Чим картите викаат така, кои сме ние да се буниме. Како добри домаќини се пуштивме од сабајлеу набавка на се што ни треба за спремање и ве чекаме да завршите со работа, да дојдете и да си нарачате по пешес Негронија. Она што тарот картите не ни го кажаа ама е напишано во ѕвездите, дека некаде околу 21.30ч ќе се појави и другарот @jankonen да пушти некоја симпатична музика. Се гледаме попосле 🥳🤘
Другари и другарки, Прибидејќи заради остварување на гласачкото право во среда нема да се оди на работа, да ја искористиме оваа шанса да се собереме ние во вторник и да изгласаме кој алкохол најдобро лизга, дали џин, дали уиски, дали водка... или пак победник ќе биде коалицијата на пиво и текила? Одговорите на овие прашање ќе ги најдеме на гласачките места во Сидикат и @sindikalnakultura 😁🤘🥳 Изборниот процес ќе биде зачинет со безобразно добар музички избор од другарот Андреј Савиќ @asavic6 на кого ова ќе му биде прво гостување во некој од нашите респектабилни естаблишменти. Благодариме на вниманието и се гледаме на шанк.
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 189
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.