Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 128
Review: (0 reviews)
Се ближи крајот на ноември и дојде редот за традиционалната Мовемберска пијанка. Искрено се надеваме дека пуштивте бркови (девојки, не вие), зошто оваа среда го трансформираме СК.02 во берберница и цуцаме уиски од најпознатиот брко у алкохолната индустрија - Џек Даниелс. 🥃💈 Тоа значи дека секој младич што сака може да седне и да добие дотеруење на бркови и брада, а може и некое хипстерско фризурче ќе падне. Секако поддршката и од девојките многу ни значи, па спремивме и за нив по некој брк на стапче, за да не мислат дека ги запоставуваме и да летаат сторија на инста. 😁 За музичкиот дел ќе биде задолжен Веселин Таохаров а.к.а. Весо, кој верувале или не ќе ни пушта музика на касети. 📼 За дотерување бркови, бради и фризури тука ќе бидат другарите од @barbershop.sicho За крај би сакале да испратиме една порака дека ние другарите имаме проблеми и бубачки и убаво е да се дружиме, отворено да разговараме, да си помагаме, да ја подигнеме свеста за машкото здравје и фала богу - да се напиеме уиски и да испарадираме со добар брк. @jackdaniels_mk @kafebarsindikat
Што викате вие да се собереме во четврток во СК.02 и во @kafebarsindikat и да натнеме преку глава некој чаршав од дома, да долетаме на метла и да пивнеме по некое љуто коктелче од сортата Блади Мери со ноти на бибер и табаско сос. 🙃 Ќе напраиме опасна атмосфера, мрак, пајажини, свеќи ќе фрлиме некој украс налево надесно, ќе изрежеме тикви, а другарот @kociskimarko помеѓу народот познат како М.И.К. ќе не почасти со страшно добра музика. 👻🎃🍻 Старт 20ч
📣 Другари, дали сте спремни за следното издание на #FuckupNightsSkopje? На 25ти Септемви ве чекаме во овој добро познат мал и скромен естаблишмент (што би рекле синдикалци 😉) во срцето на Дебар Маало, каде што живее една прекрасна синдкална култура.✨ Инфо за говорници и билети наскоро!🎉
Другари и другарки, со мало каснење али и со нескриен ентузијазам, би сакале да го најавиме роденденскиот викенд на нашиот мал естаблишмент, нагалено наречен Синди. :) Викендов Синди ќе полни 9 (со букви: девет) години. Да идеше у школо по стара програма, ќе беше трето одделение, а по нова ќе немаше учебници. Да се бавеше со спорт ќе беше фудбалер... центарфор нешо као Дарко Панчев. Затоа и тренерскиот тим на Синдикат реши тактичката поставеност да биде таква да одиграме јако, отворено и напаѓачки и со многу алкохол, пардон голови :) - Петок, загревање - лесни припреми кои почнуваат после работа со другарите од Малфи и @jes_pasta зачинето со музички избор од другарот @jankonen. Кога мракот ќе ги покрие дебармаалските улици, се палат рефлекторите и на сцена стапува другарот @djchvare играме 4-4-2 до крај. За сите фудбалски фанови ќе има и станица за точен Хајнекен, нешо као Лига Шампиона а у. - Сабота, главна утакмица(читај роденден) - припремите завршија и стартува главниот натпревар во терминот од 20ч. На теренот истрчуваат другарите @d0uble_g и @djgoce и се бориме за титула. Тактичката поставеност опфаќа безобразно добра музика со многу алкохол и само весело. 🤘🙃 Овој роденден ќе поминеме без бургери ама затоа имаме друг план. Во соработка со другарката @bibiribi направивме ограничен број специјални роденденски маици кои ќе се продаваат викендов, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели... да не речете дека само пиеме. Се гледаме викендов. Љуби вас Синди 🥰
Другари и другарки, Неодамнешното истражување на Советот на Вселената покажа дека Македонија од планетата Земја, е држава со најмногу продужени викенди во познатиот, а богами и непознатиот универзум. Тоа за нас меанџиите и не е толку лошо, пошо можеме да си напраиме симпатична тродневна програма исполнета со многу добри музики, малце шизење (без претеруење) и да испиеме хектолитри алкохол. Ако не се разбегате пак по планини, езера и мориња дојдете да другаруваме, шо има везе. :) Еве го и распоредот, па бујрум кој кога сака: - Петок - другарот @lephonq_dj - Сабота - другарот @asavic6 - Недела - другарот @jankonen Резервации нема, ама затоа има од тој малиот Хајнекен, 18 видови џин, 50 уискија и пешес водки, две три текили итн итн... Се гледаме и живели 🍻🥃🍹🤘
Другари и другарки, Некако во последно време петоците ни се погодија исполнети со музичко алкохолни активности до тој степен да монтираме и помошно шанкче на кое стално има некој јунак што спрема специјални пијачки. Овој петок е резервиран за дружба со Аперол, а спешл гест бармен ќе биде другарот @kepkee За музичкиот избор ќе биде задолжен другарот @smilevski.saso.shark во диџејските кругови познат само како Шарк, кој за оваа прилика ќе ги извади од нафталин старите хаус цедиња, за да видиме некоја корист и од нашите сидиџеи, а не само да стојат за собирање прашина. :) Старт 21ч 🤘
Другари и другарки, Ние решивме дека не се предаваме на жешково време и во петок договоривме една послеработна дружба со Хендрикс. Приказната ја знаете ама пошо ве фативме дека слабо читате, а и повторувањето е мајка на знаењето, ќе објасниме уште еднаш како стојат работите: Завршувате со работа и улетувате во некој од нашите фини естаблишменти, каде што ве чекаме ние спремни со посебно шанкче и наоружани со неколку варијанти на Хендрикс (обичен, Нептуниа, Флора Адора и уште некој нов што не го запамтивме), краставици, зачини, тоници во разни бои и Томас Хенри тоници со разни вкусови. Ви даваме едно картонче, вие штиклирате тоа што сакате, ни го враќате и ние ви го спремаме џинот според вашиот рецепт, пошо сме фини и лепо васпитани. 😊 Вие уживате во пијачката што сами сте си ја одбрале и го повторуваме процесот неколку пати и така фино лепо додека не испиеме се и не си поминеме најбоље у свет. Околу 21.30ч по средноевропско време ќе ни се придружи и другарот @icebergledeni со музика за пиење џин и така возиме до крај :) @spiritsmoments.mk @sindikalnakultura
Другари и другари, Прогнозата за овој викенд е одлична музика, без поголеми потреси, зачинета со многу алкохол, ѕенѕање, троа муабет смеење и други видови позитивни вибрации. Редоследот на музичко танцувачките изведувачи е следен: - Петок 26.07 - @bobo_meuna помеѓу народот познат како Господинот Б - Сабота 27.07 -@mmvilic помеѓу народот познат како Марко Вилиќ. Старт 21.30ч
Сињорас и сењорес, По повод големиот свеЦки празник посветен на текилата оваа среда ќе одмориме од пиење уиски и ќе може да го проследиме дуелот помеѓу Батанга и Палома - дос муј буенос коктелес кон текила, каброн! Оние кои не покажуваат особен интерес кон коктели, може слободно да се фрлат на пиење шотови текила, да го испоштуеме денот ко шо треба. :) За музичкиот дел ќе се погрижи нашиот многу почитуван и измачен лаптоп, кој не престанува да изненадува со своите перформанси. Почнавме ко на икона пари да му оставаме, ама за тоа во друга прилика... :) Мучос грациас.
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 128
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.