Другари и другарки, на ред е уште еден продолжен викенд во кој ќе ги гледаме добро познатите филмови како „Бегство од Скопшенк“ и „Велика Гужва на Грчкој Граници“ па додека сме сите на број, шо викате да се собереме овој четврток кај нас на по некој коктелше со текилче и мескалче? При бидејќи времево пак нешо сумњиво се понаша во игра се две варијанти: Варијанта 1 - ако е се како што треба, фино, пролетно и топло време, местиме шанкче надвор каде другарот Кико ќе шејка коктели и диџеј пулт каде другарот Лефанк ќе настапи со пролетни музики со агаве шмек. Варијанта 2 - ако ништо не е како што треба, катастрофално и врнежливо пролетно време, останува истата постава, само акцијата ја префрламе доле во @sindikalnakultura Како и да е ќе бидеме спремни за секакви временски услови само да падне опасно добра игранка и пијанка Старт 21ч