Синдикат е место за дружење, за мир, за слобода, за пиење и љубов помеѓу луѓето. Во Синдикат нема резервации и нема интернет.
Orce Nikolov 97, Skopje
kafebarsindikat?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Type: Bar
Viewed: 189
Review: (0 reviews)
Оукеј друштво, пошто времево е понестабилно од Доналд Трамп, не може више да чекаме да се стабилизира и решивме дека дојде време да стартуваме со сезоната на петочки послеработни пијанки или скратено ППП. Овој петок може слободно да додадеме уште едно П во кратенката зошто се договоривме се дружиме со другарите од Пауланер, па работниот наслов би бил Петочка послеработна пивска пијанка односно ПППП 😁 Шала на страна - Петок, Пауланер Промо (е не е до нас пак е се на П) Старт 16.30ч Музика за послеработни пијанки, во изведба на другарот @jankonen и Јужни Ветар. 🙃 Живели 🍻🤘
Другари и другарки Овој четврток не очекуваат одлични временски услови за пиење текила коктели. Нешто сме креативно расположени деновиве, па покрај стандардните маргарити и паломи, ќе убациме и еден експериментален новитет кој уште не знаеме како ќе се вика, па ако ви се допадне слободно може да предложите име... може ќе го прифатиме, може не 😁 Старт 20ч
Другари и другарки Од овој четврток па надаље и убудуче, ја стартуваме втората сезона на ноќите посветени на Агаве и се што е поврзано со текила и мескал. Тоа значи, коктели, шатови, бар тејковери и разни други активности од алкохолно забавен карактер. Во првата епизода од втората сезона тимот на Синди почнува со лесна задача и ќе се позанимава со мучкање на фаворитите на публиката - Палома и Маргарита. 🤘❤ Старт 20ч
Другари и другарки, Оваа сабота со почеток во 21ч ПЗУ Синдикат и ПЗУ СК02 организираат бесплатна терапија за против парови. За да бидете сигурни дека нема да заглавите у непотребна врска и дека ќе имате долг и среќен живот исполнет со смеа, забава, искачање до кога сакате и каде сакате, дека нема да мора да изигравате фотографи и видеографи за потребите на инстаграм профилите на вашите дечковци и девојки и да уживате во секој момент, дојдете во некоја од нашите две реномирани установи и ние ќе ви кажеме како. Терапијата вклучува многу алкохол, разговор во четири и повеќе очи, шали на сопствена и на туѓа сметка и безобразно добра музика во изведба на Проф. Д-р Алек Пулиос помеѓу пациентите познат како @pookie_a Бидејќи сме добри луѓе мора да кажеме дека ќе пуштиме и некој сентиш за стискавац за сите парови кои ќе бидат со нас оваа вечер и дека ги поддржуваме и ги сакаме сите што се сакаат но една работа да биде јасна: Сите ќе раскинете! 😂🍷 Љуби вас Синди ❤
Другари и другарки, Повелете оваа сабота (07 Февруари) на попладневно другарување со @bibiribi под работен наслов „From Bibi with Lav“ 😁 Ако завршивте со сувиот јануари може да се напиеме ко луѓе некое пивце или коктелче додека да си најдеме некое ново дуксче или маица за дотеруење. Старт: точно напладне.
Другари и другарки од Синдикална Вероисповест, Дојде време да ја најавиме новогодишната дневна пијанка, која ќе биде распоредена на два стејџа. Работниот наслов на оваа пијанка требаше да биде Трактори вс Сератори ама играта на зборови смислена од авторот на овој текст не помина добро на последната седница на ЦК на Синдикалната организација, па ќе идеме со културна најава 😆🤘 - Стејџ 1 - @kafebarsindikat Пред публиката ќе се претстават другарите @passngr (12ч - 15ч) и @jankonen (15ч до 19ч) со новогодишни хаику стихотворби и рецитали за добро расположение на публиката, поттикнување на конзумација на алкохол и ширење на многу љубов и разбирање. - Стејџ 2 - @sindikalnakultura Пред публиката ќе се претстават другарите @slavski__ и @t.gameover кои на тивок оган ќе ја крчкаат Новогодишната манџа на старата школа. Традицијата вели дека кој сркал од Новогодишната манџа џускал се до Божиќ, па не е скромно ако кажеме дека очекуваме мнооогу шизење, надополнето со пиење и секако неограничени количини на љубов и разбирање помеѓу младите, а богами и постарите присутни. 🕺💃🥃🎶 Традиционално исто како и претходните нови години и така и оваа година, топлес танчерки нема да има. 😁 Уште овие 3 работи и не замараме веќе: 1. Влезници за настанот нема да може да се купат никаде, бидејќи влезот е бесплатен и сите се добредојдени. 2. Резервации нема, нема ни да има. 3. Поради преголем обем на работа, од коктели ќе правиме само: Паломи, Саури и Шприцови. Е па драги другари и засекогаш подраги другарки, се гледаме на 31ви, насмеани, расположени, дотерани и разиграни да ја испратиме годината ко шо треба 😇 Љуби вас Синди, а богами и СК02 😘🫶
Другари и другарки, Да нема забуни, уше од старт да кажеме дека е ова е најава за 30-ти Декември и оди некако вака: Нормални луѓе уочи нова година седат дома, одмараат и се спремаат да се опиваат на 31-ви преку ден. Арно ама ние сме далеку од нормални и водени од мотото нема одмора док има алкохола, се согласивме дека и 30-ти декември се одличен ден за пиење, па се фативме за телефоните да видиме кој го дели нашиот ентузијазам и налетавме на добриот чоек @vaskonetkovski кој е секогаш наоружан со одлична музика и репетиран за безобрзно добра журка.🕺💃🤘🎶 Гледаме на ова као на славење Нова Година пред Нова година. Пошо и онака сме сите комирани на Новогодишната вечер уше пред полноќ ова ќе ни биде одлична шанса за ноќна пијанка, а богами и игранка. Старт 20ч... да имаме повеќе време за пиење 😘
Другари и другарки, Овој вторник во нашиот мал естаблишмент се случува Бибирибијавление. Фраерлукот не смее да трпи, па ги покануваме сите ретки цветови, лепотици, вчерашни, неприбрани, чилмастери и сите останати прекрасни луѓе да дојдат во вторник од 18ч да се подружиме да видиме што има ново и да направиме едно предновогодишно дотерување со кул нови работи. 🕺🍻🤘 @bibiribi
Sindikat for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 189
Orce Nikolov 97, Skopje
No Photos.