Другари и другарки, Со надеж дека нема да ни се деси потоп од библиски размери, шо ќе ни ја расипе журката, овој петок спремивме опасно добра послеработна пијанка со Хендрикс на која ќе може да го пробате најновиот џин наречен едноставно - Another Hendrix. Старт: 16.30ч Местиме шанкче надвор, набавуеме големи количини на Another Hendrix плус Томас Хенри тоници, па спремаме декорации, па праиме опасно добри комбинации да му е мерак на чоек да нарача, па ги местиме другарите DAY OFF да не освежат со послеработен рокенрол и се журкаме до крај.