Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 311
Review: (1 review)
🔥🎤 Неверојатното шоу на Никола Тодороски, со кое во моментов прави Европска турнеја 🌍, повторно во Скопје! 🏙️ ⏰ 90 мин. прописна пеколна стендап комедија 😂🔥 која ќе ви ги запали стомачните 💪🤣. 📅 06.10.2025 📍 PUBLIC ROOM – Скопје 🕘 Старт: 21:00 🎟️ Билет: 500 ден. 🚫👶 Шоуто не се препорачува на лица под 16 годишна возраст.
💥🎭 Најексплозивното интерактивно стендап шоу пристигнува во главниот град! 🏙️✨ 😂 Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски ќе ја разбудат скопската публика 🙌 со нови импровизации 🎲, свежи игри 🕹️ и смеа без граници 🤣🌍. Подготви се за вечер 🌃 полна со енергија ⚡, изненадувања 🎁 и незаборавна атмосфера 🎉🔥! 👥🎤 Шоу во кое публиката ја има главната улога. 📹 Шоуто се снима и некои учесници од публиката ќе стапнат на сцената 🎭 заедно со комичарите. 🇲🇰 Прво шоу од ваков тип во Македонија! 📅 06.10.2025 📍 PUBLIC ROOM 🕖 старт 19:00 🎟️ Билети: 500 ден. 🚫👶 Шоуто не се препорачува на лица под 16 годишна возраст!
Телеком организира #ЛАБАВАЗАБАВА со 🎧Соња Исмаил и 🎧Шурбе во Public Room 🪩🪩🪩 Придружете ни се, да шизиме заедно!💃🏻🕺🏻 🗓️3. октомври, петок ⌚️Старт 21:00 Влез С Л О Б О Д Е Н 💗
👉Public Room 👉22.09.2025 старт 👉21:00. 🎫🎫🎫Билети онлајн по цена од 500 ден. во претпродажба. Билети на врата по цена од 600 ден. ⚠️(НАПОМЕНА!! PIBLIC ROOM ИМА ПОЛИТИКА ЗА БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ!) Никола Тодороски ја започнува новата сезона во @public.room Скопје со најдобрите шеги од сите шоуа во последните 15 години. 🥇 Не е за пропуштање. За ваше загревање ќе се погрижи @nikola_bratuced_ . 🏆 ‼️ Шоуто не се препорачува на лица под 16 годишна возраст. ‼️
🎙Стенд-ап шоу со Никола - Ниџо во Public Room! 📆 21. септември, 21ч. 🎫 Билетите се достапни на продажната мрежа на drugastrana.mk “Кој сум јас? – прашање што си го поставувам додека виткам алишта со една рака и држам дете со другата"- Ниџо 👕 Ве покануваме на стендап полн со хумор на своја сметка: од брачни дијалози до фитнес предизвици и Македонската реалност што сите ја препознаваме. 🤭 Подгответе се за вечер каде што ќе се смеете… и ќе се препознаете! Спремен ли си да дознаеш кој си и ти?🤔
🎙СТЕНД-АП КОМЕДИЈА на АНГЛИСКИ со Виктор Патраскан 🇷🇴 📆 20. септември, 20ч. 🎟️ Онлајн билети - https://shorturl.at/7OIYq Придружете ни се во Јавна Соба, заедно да се смеме со европскиот номад Виктор Патраскан, додека тој кажува смешни шеги и воедно поставува прашања што предизвикуваат размислување за најконтроверзните теми на денешницата, од раса и религија до пол и политика. Ова шоу не е за оние кои лесно се навредуваат! Совршено за локалното население, иселениците и имигрантите, ова шоу ги поканува сите да се насмеат на апсурдите на модерниот живот. Се гледаме во Јавна Соба 🫶
🔥 Подгответе се за ноќ исполнета со рок емоции – Кики Лесендриќ и ПИЛОТИ доаѓаат во Public Room! 🎤🎸 📅 На 19. септември ќе ги слушнеме легендарните хитови што не стареат –„Као птица на мом длану“, „Када сањамо“, „Негде дубоку ту“, „Лето“ и уште многу други! Гарантираме совршена вечер за сите љубители на добар рок! 🎶✨ 🎫 Билетите веќе се достапни на drugastrana.mk Ве очекуваме 🤘
Стенд ап шоу со Бојан Кирковски во Јавна Соба! 🤩 🗓 18. септември, 21 часот 🎫 Билети во претпродажба по цена од 500 денари на www.drugastrana.mk ❗️Шоуто е за лица со возраст над 18 години! Оросен како утринска роза, испечен како селски колбас. 🤩Нежниот маж Бојан Кирковски, овојпат изгорен да направи свое соло стенд ап шоу! Родум скопјанец, Бојан Кирковски е дел од ансамблот на "Театарот за деца и младинци" како и независниот театар „Артопиа“, каде игра во наградувани претстави и гостувања во регионот. 🎭 😅 Ама да не се лажеме, најпознат е по тоа што е, смешен. Да дојдеме, да не се зезаме. Да ја сфатиме оваа работа многу сериозно! Како и тој.
🎙ФОЛТИН повторно во Public Room на 12. септември! Настапуваат: Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника; Бранислав Николов – гласни и други жици; Пеце Трајковски – Брада – дирки, гитара, перкусии; Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани 🎫 Билетите се по цена од 500 ден. и можете да ги набавите продажната мрежа на drugastrana.mk Се гледаме на концерт! 🕺
Овој четврток имаме уште еден фантастичен концерт во Public Room! ✨🎙 🎼️🎶 Stefanijazz претставува уникатен музички израз што ја спојува авторската чувствителност на вокалистката Стефанија Милевска Враниќ со богатството на џезот. Концертната програма вклучува оригинален спој на неколку музички правци од нејзините најистакнати композиции, преточени во џез, џез-рок и босанова аранжмани, како и нови интерпретации на класични џез стандарди. Со современ, но топол пристап, проектот се стреми да го доближи џезот до пошироката публика, негувајќи културна едукација, автентичност и жанровска отвореност. Со префинет баланс помеѓу нежност и енергија, Stefanijazz нуди доживување кое допира и инспирира! Овој концерт е замислен како интимно музичко патување кое нуди нов пристап кон сценската џез-изведба. Создаден е по повод 10 години музичка продукција Welcome to Stefanija's Music World. Настапуваат: 👉 Стефанија Милевска Враниќ – вокал 👉 Владимир Враниќ – гитара 👉 Владимир Николиќ – труба 👉 Ристо Крстевски – клавијатура 👉 Зоки Паркет – контрабас и бас 👉 Павел Талевски – тапани 👉 Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали 👉 Специјална гостинка: Мијата! ⭐ 🕤 Почеток - 21 часот. 🎫 Билетите се достапни на www.drugastrna.mk Се гледаме на 4. септември! 🎷🎷🎷
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 311
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.
No Photos.