Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 878
Review: (1 review)
Драги наши, ви го најавуваме почетокот на седмата сезона петочни дружења со омилените Македонски шлагери и The Ringtones на поткровјето на Public Room! ✨🎙 🤙 Бидете брзи и резервирајте си за вашето друштво на 078 250 554. 🎫 Билетите чинат 200 денари и се набавуваат на самиот влез, најдоцна до 22 часот. Се гледаме на 20. октомври ❤️🙌 📷️🎸 @weareringtones
Ви го најавуваме и третиот концерт во рамки MILK&BLUES фестивалот во Public Room! На 19. октомври ги слушаме Last Expedition! 🙌 Билети во претпродажба наскоро на www.bileti.mk и кај нас на шанк 🎫
📢 Омилените битолчани повторно во Јавна Соба! 🕺 Драги наши, со огромно задоволство сакаме да ви го најавиме концертот на феноменалните @foltin_band 🎉 🗓 14. октомври, 21:30ч. 🎫 Билетите се по цена од 350 ден. и се веќе пуштени во продажба на барот во Јавна Соба. Ве очекувамеее 🤍
Вториот концерт од програмата на MILK&BLUES во Public Room е на 12. октомври, на кој ги имаме маестралните Игор Џамбазов и Гуру Харе! 🎙️🎸 Билети во претпродажба наскоро на www.bileti.mk и кај нас на шанк 🎫
🤵 2 MOTHERS BROTHERS 🤵 🎙Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски со користење на кабаре исмеваат сè што нè опкружува во животот. 😅 🎫 Билетите може да ги резервирате на 075 283 066 Се гледаме утре! 👋
Драги родители и деца, во недела ве покануваме на детските театарски претстави од програмата на фестивалот MILK & BLUES! 🎭 Билетите се веќе во претпродажба онлајн на www.bileti.mk 🎫 🐭 Започнуваме со „Зеленковци“ во 11 часот (за деца 4 - 8 г.) - детска едукативна претстава во која малите глувчиња нѐ запознаваат со важноста за чистата околина и здравата храна. 🤡Следна е претставата „Кој е тука кловн“ во 12:30 (за деца 5-10 г.) - претстава која има забавна и едукативна содржина и носи силна порака за борбата против врсничкото насилство. Претставата дава инспиративна порака за промена на насилството во емпатија, другарство и разбирање. Приказната, на практичен начин покажува дека секое дете е важно, дека сека секое дете има свои вештини, таленти и вредности, кои доколку општеството им даде простор, можат да креираат магични работи. 🧜♀️И за крај, од 14 часот ја имаме „Малата сирена“ (за деца 8 -13 г.), приказната за сирената Ариел во форма на театарски мјузикал во изведба на студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј јуниор“. Се гледаме на претстава 💙
📢 Утре на нашето поткровје започнува новата сезона на стенд ап шоуа! Коле, Тито и Атанас ќе се погрижат за вашата дневна доза смеа! 😅 Почнуваме од ⏰️ 21 часот, а за билети обратете се на 🤳 075 283 066.
Оваа недела Fruity G & T е нашата препорака за опуштање после работа! 🍊 🍋 Инфузиран џин тоник на база на цитрусни овошја коишто дефинитивно ќе ве освежат на овие високи температури. Се гледаме на 📍50та Дивизија 🍹
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 878
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.