Public Room
MK, 50-та Дивизија 22, Skopje 1000
Type: Bar
Viewed: 311
Review: (1 review)
Вториот концерт од програмата на MILK&BLUES во Public Room е на 12. октомври, на кој ги имаме маестралните Игор Џамбазов и Гуру Харе! 🎙️🎸 Билети во претпродажба наскоро на www.bileti.mk и кај нас на шанк 🎫
🤵 2 MOTHERS BROTHERS 🤵 🎙Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски со користење на кабаре исмеваат сè што нè опкружува во животот. 😅 🎫 Билетите може да ги резервирате на 075 283 066 Се гледаме утре! 👋
Драги родители и деца, во недела ве покануваме на детските театарски претстави од програмата на фестивалот MILK & BLUES! 🎭 Билетите се веќе во претпродажба онлајн на www.bileti.mk 🎫 🐭 Започнуваме со „Зеленковци“ во 11 часот (за деца 4 - 8 г.) - детска едукативна претстава во која малите глувчиња нѐ запознаваат со важноста за чистата околина и здравата храна. 🤡Следна е претставата „Кој е тука кловн“ во 12:30 (за деца 5-10 г.) - претстава која има забавна и едукативна содржина и носи силна порака за борбата против врсничкото насилство. Претставата дава инспиративна порака за промена на насилството во емпатија, другарство и разбирање. Приказната, на практичен начин покажува дека секое дете е важно, дека сека секое дете има свои вештини, таленти и вредности, кои доколку општеството им даде простор, можат да креираат магични работи. 🧜♀️И за крај, од 14 часот ја имаме „Малата сирена“ (за деца 8 -13 г.), приказната за сирената Ариел во форма на театарски мјузикал во изведба на студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј јуниор“. Се гледаме на претстава 💙
📢 Утре на нашето поткровје започнува новата сезона на стенд ап шоуа! Коле, Тито и Атанас ќе се погрижат за вашата дневна доза смеа! 😅 Почнуваме од ⏰️ 21 часот, а за билети обратете се на 🤳 075 283 066.
Оваа недела Fruity G & T е нашата препорака за опуштање после работа! 🍊 🍋 Инфузиран џин тоник на база на цитрусни овошја коишто дефинитивно ќе ве освежат на овие високи температури. Се гледаме на 📍50та Дивизија 🍹
На afterwork овој петок во Public Room ни доаѓа Alejandro Vaquero од Мадрид! 🌿️🎧 Уживаме во неговиот диџеј сет и менито со шпански тапас од 18 часот🇪🇸 Резервирајте на 078 250 554 и придружете ни се со вашето друштво! Се гледамеее 🙌
Весна Петрушевска и „Влези не се соблакај“ повторно во Public Room на 14. јуни! 😍🎙 Резервирајте и придружете ни се на уште една вечер исполнета со многу смеење! ✨ 🎫Билетите се по цена од 300 ден. и се набавуваат на самиот влез, а се резервираат на телефонскиот број 070 317 082. Се гледамеее на стенд-ап! 🙌 ⌚ Старт 21:00
“САМ ПРОТИВ СИТЕ” – најбараното и најсмешното стенд ап шоу во Македонија во кое маестрално се прикажани различни ситуации од животот гледани низ призмата на многу јавни личности (Стојанче Ангелов, Стево Пендаровски, Ѓорѓи Иванов, Никола Груевски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Зоран Дамјановски-Циц, Максим Димитриевски, Васко Ефтов, Кирил Поп Христов, Сашко Коцев, Горан Пандев, Марко Маринковиќ-Слаткар, Огнен Јанески, Марија Пијаманов-Плевнеш, Раде Шербеџија, Тито и др.) без никакви претензии, навреди или омаловажување, со сета почит кон истите), а претставени на сцената само од еден човек – Жарко Јовановиќ. 🗓 5 .јуни, 20ч. 🎫 Билетите може да ги набавите online на продажната мрежа на Златен заб или пак на самиот влез. Се гледаме утре 🥸
Да го завршиме месец мај со мнооогу смеење! Ви најавуваме стенд ап шоу "Две во едно". 🎩 ℹ️Како што и самиот наслов на вечерта ни открива, публиката ќе има можност да ужива во два соло настапи на стенд ап комичарите од колективот Кабаре Кабает во соработка со Златен заб. 🤵♂️Премиерно,,Мојот живот, Калакурница", соло шоу на актерот и stand up комичар Мирослав Петковиќ, познат и како Чика Брко. Неговото алтер его раскажува за бизарни и апсурдни ситуации од животот, кој секој од нас ги поминал барем еднаш. А откако ќе ги ги преживеете, сигурно си велите во себе: ,,каква калакурница". 🤵Чедомир Митевски актер, музичар, stand up комичар и професионален дегустатор на храна (гурман на кубен) ќе ни го презентира неговиот таен рецепт "Како е да си дебел глумец во Македонија". Апел од актерот: ,,На 31ви ќе има много калорични приказне, стопирајте гу диету и процес: морам да имам плочке на плажу до први!" 🗓31.мај, 20ч. 🎫Билетите се по цена од 250ден. и може да ги набавите на www.zlatenzab.mk
Public Room for Скопје nightlife, events, reservations and places to go out in Macedonia.
Viewed: 311
Убава петочка журка со македонски хитови. Но, многу спарно и топло во просторот наменет за журки.
No Photos.