AREA - rock

AREA

Band

rock

Review:


Групата е основана во 1991 година, а првата нејзина песна била „Нека љубовта биде вистина“. Во 2000 година, излегол албумот „Врати на имагинација“ кој постигнал дотогаш невиден успех на македонските простори. Песната „Сите мои слики“ станала голем хит, а групата уживала популарност како никој дотогаш. На крајот, сето тоа кулминирало со концертот на „Скопски саем“, кога поради неочекувано големиот интерес, голем број обожаватели не успевале да влезат во преполнетата сала. За нив, „Ареа“ отсвириле уште еден концерт во „Универзална сала“. Во периодот од 2000-2003 година групата одржала преку 80 концерти во Македонија, на просторите на поранешната СФРЈ и во Бугарија. Во 2001 година излегол живиот албум „Да пеам... Сепак можам!“, снимен на концертот одржан во „Универзална сала“. Во 2002 година излегол студискиот албум „Нешто недостасува“ кој звучи малку помрачно од претходните, но сепак, групата не ја изгубила популарноста и на 23 октомври 2002 година направила успешен концерт на „Скопски саем“. Во 2005 година, групата го објавила албумот „Теби близу“ за ПГП-РТС на српски јазик, што претставувало обид за пробивање на поранешните југословенски простори.

Current Month

More

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟