Со огромно задоволство го назавуваме второто издание на СФЕСТ Фестивал! Струмица, спремни ли сте повторно да пулсирате во ритамот на СФЕСТ? 🎉
Од 24 до 26 ули, Градскиот парк се претвора во епицентар и урбана оаза на музиката, уметноста и младинската енергиа - СФЕСТ Фестивалот се врака
посилен со 3 сцени, повеке од 30 регионални бендови и дицеи, арт-базар, креативни зони, панели за свест и уште многу изненадувана. Ова е звукот што обединува, инспирира промени и создава спомени што траат. 💛
Се гледаме на СФЕСТ Фестивал! 💙
СФЕСТ е модерен музичко-културен фестивал кој веќе втора година ја претвора Струмица во центар на музиката, уметноста и добрата енергија. Под мотото „Култура на звук, свест на генерација“, фестивалот нуди три дена исполнети со настапи на домашни и интернационални музичари, електронска музика, рок, поп и хип-хоп, како и богата програма за сите генерации.
Фестивалот се одржува во Градскиот парк во Струмица и располага со три различни сцени: Main Stage, Cosmic Stage и сцената „Дај шанса“, наменета за промоција на млади локални артисти. Покрај музичката програма, посетителите можат да уживаат во Базар-зона со локални креативци, Фуд-зона со разновидна гастрономска понуда, како и изложби на млади уметници реализирани во соработка со ФОН Универзитет.
Со бесплатен влез за сите посетители, СФЕСТ има за цел да создаде современо фестивалско искуство по европски стандарди и да понуди простор каде што музиката, културата и заедницата се спојуваат во едно незаборавно летно доживување. Дополнително, фестивалот промовира еколошка свест преку зони за селекција и рециклирање на отпад