После 7 месеци и 31 забава дојде време да го означиме крајот на првата 🌶 SPICY сезона и овој четврток за последен пат ќе се дружиме на подиумот во Станица26. Како мало внимание и благодарност до сите кои придонесовте кон оваа нереална сезона, овој четврток за секој гостин спремивме специјален SPICY shot 🥃 кој ќе биде поделен на предната врата. Што се однесува до музичкиот дел, Shorty P и Irie Scratch ќе ги вртат SPICY “химните” кои ја одбележаа оваа сезона, со што ќе ставиме печат на ова убаво дружење. Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои не следеа во текот на овие 7 месеци. 🤗 Stay tuned, за брзо ќе ги објавуваме нашите планови за летната сезона 👀 До Spicy season 2 🫡 Ваши SureShotz