Другари и другарки од Синдикална Вероисповест, Дојде време да ја најавиме новогодишната дневна пијанка, која ќе биде распоредена на два стејџа. Работниот наслов на оваа пијанка требаше да биде Трактори вс Сератори ама играта на зборови смислена од авторот на овој текст не помина добро на последната седница на ЦК на Синдикалната организација, па ќе идеме со културна најава 😆🤘 - Стејџ 1 - @kafebarsindikat Пред публиката ќе се претстават другарите @passngr (12ч - 15ч) и @jankonen (15ч до 19ч) со новогодишни хаику стихотворби и рецитали за добро расположение на публиката, поттикнување на конзумација на алкохол и ширење на многу љубов и разбирање. - Стејџ 2 - @sindikalnakultura Пред публиката ќе се претстават другарите @slavski__ и @t.gameover кои на тивок оган ќе ја крчкаат Новогодишната манџа на старата школа. Традицијата вели дека кој сркал од Новогодишната манџа џускал се до Божиќ, па не е скромно ако кажеме дека очекуваме мнооогу шизење, надополнето со пиење и секако неограничени количини на љубов и разбирање помеѓу младите, а богами и постарите присутни. 🕺💃🥃🎶 Традиционално исто како и претходните нови години и така и оваа година, топлес танчерки нема да има. 😁 Уште овие 3 работи и не замараме веќе: 1. Влезници за настанот нема да може да се купат никаде, бидејќи влезот е бесплатен и сите се добредојдени. 2. Резервации нема, нема ни да има. 3. Поради преголем обем на работа, од коктели ќе правиме само: Паломи, Саури и Шприцови. Е па драги другари и засекогаш подраги другарки, се гледаме на 31ви, насмеани, расположени, дотерани и разиграни да ја испратиме годината ко шо треба 😇 Љуби вас Синди, а богами и СК02 😘🫶