5 години ПОГОН 🖤 Погонци се сеќавате кога отворавме сред корона, со маски, рестрикции и полициски во 21ч, не знаевме ни дали ќе истераме една сезона. Почнавме тивко и со коронска неизвесност, со скратено работно време и со мотивација “ај ќе не биде” Но, од ден на ден, Погон почна да си ги собира луѓето... За кафе, за пиво, за прв дејт, за после работа, за журка, за муабет, за табла, за судоку, за читање на новините… или само да се избега малце од се. Но најјакото од се, од гости станавме убаво друштво Од полициските часови стигнавме до вечери што никој не сакаше да завршат, од неколку столици до настани кај што бараме место плус 😄 И сега стварно, после 5 години сфаќаме дека Погон никогаш не бил само бар. ПОГОН СТЕ ВИЕ 🫶 На 16ти Мај заедно ќе наздравиме за добра дружба, многу спомени и 5 години поминати заедно… 👀 А од Погон припремивме: 🎲 игри како и секоја година 🎧 добра музика со @blu.sempre и @vaskonetkovski 🥪 фантастични сендвичи од @baba_marini За сите кафиња, за сите дружби, за сите журки, за сите мамурлаци, за сите дејтови, за сите игри изиграни, за сите новини прочитани (фала ви @slobodenpecat ), а и сите спомени што ги напраивме низ годините. 🌸❤️ ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД 🖤 Среќен роденден на сите нас. Се гледаме во сабота во Погон. 🦉