Драги наши сограѓани, во петок на 10-ти ноември, Plan B Caffè со доброволна поддршка од наши локални музичари и DJ’s, организира хуманитарна забава за собирање на парични средства за нашата Елена 🍀 За таа цел, целиот приход кој ќе биде собран од влезниците на износ од по 100 денари и дел од приходот кој ќе го оствариме, ќе бидат наменети за лекувањето на Елена во Турција 🙏 Затоа, неопходно е да ве има во уште поголем број од вообичаено. Оваа забава е за Елена, да и помогнеме да оздрави што побрзо, па наскоро да ја очекуваме меѓу нас како присутна гостинка 😍 Оние што нема да се во можност да присуствуваат на овој настан, вo секој случај можат да донираат средства на телефонските оператори и сметките кои се објавени, а кутијата за донации во секој период од денот ви е достапна во Plan B Caffè. Сите сте добредојдени, повелете. Свети Николе е мал град со големи луѓе. Можеме да успееме 💫