Со огромна чест и задоволство ве покануваме на еден специјален, и за нас многу значаен настан: SURE SHOTZ: 20 YEARS OF HIP HOP - FRIENDS & FAMILY LINK UP ❤️ 22ри октомври (вторник) е датумот кога и официјално ќе прославиме 20 години постоење на нашата екипа, заедно со најблиските пријатели и соработници низ сиве овие години, преку искрено осмислен настан составен од два дела: pre-party во Three Kitchen кој почнува во 18 часот, и after-party после полноќ во Станица26! Во текот на целиот ден, со помош од нашите гости ќе пробаме да ја доловиме есенцијата на Sure Shotz: пред се музиката, но и сите останати работи кои не опишуваат како екипа и фамилија, и приказна која и после 20 години уште трае и напорно работи кон ширење на хип-хоп културата во Македонија и регионот. Повеќе инфо за сите диџеи и целата програма на овој дупли настан во деновите кои следат, а најважно од се е да го заокружите овој датум за нашиот роденден и да се видиме следниот вторник во Three Kitchen Bar и Станица26! ❤️ P.S. Среда е неработен ден 🥳 Yours truly, The Sure Shotz Crew Постер дизајн: @s_trajkovski