Пред точно 30 години, за прв пат беше прикажан култниот филм на Тарантино “Pulp Fiction”. На 9ти Март (сабота), со почеток во 21:00 часот во клубот Станица26 ќе биде одбележан овој јубилеј со визуелно-музички концертен спектакл со The Quarantinos – трибјут бендот на Тарантино. 30ет годишнината од премиерата на филмот и sountrack-от на овој филм ќе бидат одбележани низ целиот свет, а и Скопје ќе биде дел од давањето почит. The Quarantinos e 7-член бенд од Србија кој ќе ве одведе намузичко патување низ еден од најдобрите Тарантиноsoundtrack-ови. Со нивниот сценски настап во живо и видеоискуство, накратко ќе ве пренесат на познатата филмска сцена со Samuel L Jackson, Michael Madsen, Uma Thurman, John Travolta, Tim Roth , David Carradine и многу други Холивудски ѕвезди со нивните легендарни карактери креирани од умот на Quentin Tarantino. Тие го посветуваат целото свое музичко дејствување на незаборавните sountrack-ови на генијалните филмски остварувања на култниот режисер. Ќе бидете воодушевени од музиката која ги следи најдобрите филмски сцени, со многу ликови на бината кои делуваат како да излегле диреткно од филмот. Моќните вокали и дувачката секција ќе ве одведат во светот на Тарантино, и повторно ќе ги оживеат култните сцени од неговото ремек дело. Не го пропуштајте овој двочасовен музичко-сценски настап на Quentin Tarantino трибјут бендот во Станица26. Карти во претпродажба во Three Kitchen и Coffee Factory (бившо Кала) - Првите 200 early bird карти по цена од 300ден, потоа 400 и на врата 500ден✌🏻