ВРЕМЕ Е ЗА РАДОСТ! Време е за ЧУДЕСНО РАСТПОЛОЖЕНИЕ! После првиот луциден и успешен фест можеме само да ви се поклониме до небо, вам, драги пријатели! Ви благодариме. Од вас го црпиме и мотивот за слоганот на овој Радозен Фест 1.1. зборот не постоеше во речникот па моравме да го измислиме - ЧУДЕСНО РАСТПОЛОЖЕНИЕ! Програмата и за овој настан нуди мултимедијална димензија и потенцијал за споделување еден тон љубов, радост и енергија. Изложби, концерти, поезија, мода, open mic, перформери и уметници од Скопје, Драчево дури и од Австралија [легендата вели дека Драчевчанец побрзо ќе стигне до Австралија отколку во Центар]. Влезот за настанот е слободен а за излез.. ќе се договориме. Ве очекуваме, во четврток, со почеток во 19 часот во Шорт Бас X @platform_0.10 Со љубов, од тимот на Радио Радосно Драчево 🤍