Ди-џеј Че започна да настапува како професионален ди-џеј прво придружувајќи го својот брат, кој е познатиот македонски пејач Слаткар, во 2014 година. Подоцна, во 2016 година, ја започна својата соло кариера како хип-хоп, ар-ен-би и трап ди-џеј, настапувајќи во најдобрите македонски клубови. Денес тој е еден од најискусните домашни хип-хоп ди-џеи, кој пушта домашна и интернационална хип-хоп, балкан хип хоп, ар-ен-би и трап музика.