Дружино, во сабота mystery cocktail night 🥼 Како функционира? Ќе подготвиме еден специјален “таен” коктел кој нема да биде на менито. Ти го порачуваш и се обидуваш да ги погодиш главните состојки – базната алкохолна основа + 2 додатоци (сок, сируп, зачин итн). Ако ги погодиш сите 3, добиј го истиот коктел гратис! 🥳 🍹 Каков е коктелот? Мешавина од препознатливи вкусови со Погон twist 😉 Едно е сигурно: ќе ти биде предизвик да го декодираш! ⚠️ Правила на играта: Не мора да ги погодиш точните количини, ама мора да ја погодиш алкохолната база (рум, водка, џин, текила, итн). Секој гостин има една шанса за погаѓање. Не се дозволени групни совети или copy-paste од маса до маса 😄