🔥 Запознавање на слепо во Погон ... 3rd Edition! Веќе по трет пат ја играме оваа опуштена и малку луда социјална игра и секој пат е поразлично, повесело и поинтересно. Заборави на апликации, препораки од роднини или љубовни емисии. Ова е муабет во живо, без филтри и без притисок. 📋 Сакаш да учествуваш? Пронајди келнер или „тајниот агент“ што се движи низ локалот и ќе ти дадат знак (бројче). Кога ќе дојде твојот момент, ќе седнеш на маса со некој што го гледаш за прв пат. ⏱️ Имате само 180 секунди за искра, шега или барем чудна анегдота. После тоа: ѕвонење, нова маса, нов човек, нова енергија. Ќе ротираш неколку пати, а на кој ќе се „заглавиш“ судбината и муабетот ќе одлучат. 🙃 Секое Blind Date носи нова комбинација, непознати со интересни погледи и муабети што не би ги слушнал во ред за кафе. 🥂 Седнуваш, наздравуваш и гледаш каде ќе те однесе вечерта. Нема сценарио, само случајни 3 минути што можат да станат приказна за паметење (или барем за смеење). 📍 25+ – затоа што најдобрите разговори се прават со луѓе што имаат што да раскажат.