Kotur Kafe Film

Чалгии во Kotur Kafe Film

20.12 Петок

300 ден

21:30ч


Чалгии

Драги наши, на 20.12 од 21:30, ве каниме на концерт на ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ во @koturkafeifilm . ВЛЕЗ: 200мкд во претпродажба , 300мкд на врата. Поради ограничениот број на билети, препорачливо е да си купите билет во претпродажба од барот на @koturkafeifilm . Покрај убавиот звук на чалгиите, ќе имате можност да уживате во вкусот на традиционалната лозова ракија, но низ призмата на модерната македонска коктел култура, која ја негуваме во Кафе и филм Котур. Чалгија саунд систем е состав во чиј фокус е чалгиската музика. Целта на составот е, од една страна, да го одржи чалгискот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата. И, од друга страна, земајќи го чалгискиот израз како основа за создавање современа музика која е во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин се продолжува традицијата. Состав: Добрила Грашеска - вокал, Александра Кузман – виолина, Дориан Јовановиќ – ут, Бошко Мангаровски - канон, Филип Крстевски - тарабука, деф, дајре. @dobigraseska

Reservations with Kadevecer.Online? 🌟